Комеморативна седница по повод ненадејната смрт на Проф. Д-р Јован Стојаноски

По повод ненадејната смрт на Проф. Д-р Јован Стојаноски, Градоначалник на Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид организира Комеморативна седница во понеделник, 17.12.2018 со почеток во 09:00 часот. На седницата збор ќе земат Деканот на факултетот, Проф. Д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. Д-р Сашо Коруновски и Проф. Д-р Климе Попоски, Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија во осигурувањето на Република Македонија. 

 

 

На 6.12.2018 во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, се одржа форум на тема: Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка

Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Награди добиени на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018

Во периодот 9-11 октомври 2018 година, на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018 учествуваа студенти од Факултетот за туризам и угостителство како натпреварувачи и како учесници на мастер класови од познати готвачи. Нашите студенти освоија две медалји и пехар. На ГАСТРОМАК 2018 учествуваа:

 

Проф. д-р Васо Цуцулески и студентите:

 

Ивица Андрески

Даниел Здравески

Катерина Наковска

Рубин Цветаноски

Александар Фармакоски

Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Посета - Универзитет Ополев Полска

На 08.05.2018 во посета на ФТУ беше делегација од Ун. во Ополе Полска. Беше остварена размена на искуства. Г-ѓа Халина Паалмер-Пистарк како Еразмус коордунатор размена искуства и можности со Проф. Д-р Ирина Петровска, Еразмус коордунатор за ФТУ  

Продеканот на ФТУ учествуваше на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија

Продеканот на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со двајца претставници од студентите учествува на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија. Продеканот одржа и предавање на тема Светска Царинска Организација пред студентите на академијата. 

Огласна табла

СООПШТЕНИЕ испит Француски јазик

13/02/2019 - 08:58

Се одложува испитот по Француски јазик закажан за 14.02 (четврток) во12:30 часот. За терминот студентите дополнително ќе бидат информирани. 

 

Проф. Д-р Зоран Николовски

СООПШТЕНИЕ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ АНКЕТИ

11/02/2019 - 17:30

Отворена е новата анкетна сесија врзана со запишувањето на летниот семестар во I know системот. Сите студенти кои ќе запишуваат парен семестар во академскта 2018/2019 година треба да пополнат електронска анкета за предметите од непарниот семестар.

СООПШТЕНИЕ ЗА ОЦЕНКИ КАЈ Проф. Д-р Катерина Ангелевска Најдеска

11/02/2019 - 13:37

СТУДЕНТИТЕ КОИ ИМААТ ПОЛОЖЕНО:

 

  • АГЕНЦИСКО РАБОТЕЊЕ
  • МАРКЕТИНГ
  • СТРАТЕГИИ НА ИНТЕГРИРАНО ПАЗАРНО КОМУНИЦИРАЊЕ

 

КАЈ Проф. Д-р Катерина Ангелевска Најдеска

ОЦЕНКИ ЌЕ МОЖЕ ДА ЗЕМАТ ВО СРЕДА 13.02.2019 ВО 12:00 ЧАСОТ.

Известување - Методологија на истражување на квалитетот во туризмот

08/02/2019 - 10:31

Испитот по предметот Методологија на истражување на квалитетот во туризмот на трет циклус на студии на насока Туризам закажан на ден 14.02.2019 год., се презакажува за ден 20.02.2019 год. во 10 часот.

 

 

Проф. Д-р Симона Мартиноска

Проф. Д-р Габриела Ракичевиќ

СООПШТЕНИЕ ЗА ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА ОЦЕНКИ ВО ИНДЕКСИ ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФЕСОР САШО КОРУНОВСКИ: КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ХРАНА И КУЛТУРА - ЈАНУАРСКА ИСПИТНА СЕСИЈА 2019 - ОХРИД

08/02/2019 - 10:14

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГИ ПОЛОЖИЈА ИСПИТИТЕ КАЈ ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ ПО ПРЕДМЕТИТЕ: КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ХРАНА И КУЛТУРА ВО ЈАНУАРСКА ИСПИТНА СЕСИЈА НА УЧЕБНАТА 2018/19 ГОДИНА ДЕКА ТРЕБА ДА ГИ ПРЕДАДАТ ИНДЕКСИТЕ КАЈ АСИСТЕНТОТ М-Р МИХАЕЛ РИСТЕСКИ ЗА ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА ОЦЕНКИТЕ. ИНДЕКСИТЕ   ТРЕБА ДА СЕ ПРЕДАДАТ НАЈДОЦНА ДО 13.02.2019 – СРЕДА.

 

Партнери