Уписи на додипломски студии

Во градот на Словенскиот универзитет, нашиот Факултет постои повеќе од четири децении. Факултетот за туризам и угостителство Ви нуди извонредни услови за стекнување на адекватни знаења од областа на услужните дејности кои се во силен подем во светската економија. Мирната и пријатна крајезерска средина во која се лоцирани Факултетот и Студентскиот дом се прилика кој ретко кој друг факултет може да Ви ја овозможи. 

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС:

  • целосна имплементација на Болоњската декларација
  • диплома со академски степен (Bachelor)
  • студирање по Европски кредит трансфер систем (ЕКТС)
  • меѓународна мобилност во наставниот процес
  • стипендии за најдобрите студенти
  • можност за студирање на рати

Доколку сме Вашиот избор, подготвени сме заедно да ја креираме Вашата професионална иднина.

Целосниот конкурс за упис на студенти на УКЛО можете да го погледнете ТУКА.

ДОПОЛНИТЕЛЕН КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОДИНА - ТУКА.

ДОПОЛНИТЕЛЕН КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ 2018/2019 ГОДИНА ЗА ТРЕТ УПИСЕН РОК ТУКА

ДОПОЛНИТЕЛЕН КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОДИНА ЗА ЧЕТВРТ УПИСЕН РОК - ТУКА

Уписни рокови

Сите кандидати задолжително треба да пополнат електронска пријава пред започнувањето на уписните рокови. Електронското пријавување се врши на: http://upisi.uklo.edu.mk/.

Доколку имате проблеми со пополнувањето на електронската пријава можете да го погледнете УПАТСТВОТО.

Активност Прв уписен рок Втор уписен рок Трет уписен рок Четврт уписен рок
Пријавување на кандидатите 30 и 31.08.2018 13 и 14.09.2018 24.09.2018 03.10.2018
Објавување прелиминарна ранг листа 04.09.2018 18.09.2018 25.09.2018 04.10.2018
Објавување на решение за прием на кандидатите 06.09.2018 20.09.2018 27.09.2018 08.10.2018
Запишување на кандидатите 07 и 10.09.2018 21.09.2018 28.09.2018 09.10.2018

Студиски насоки и квоти

Студиските насоки за прв циклус на студии можете детално да ги погледнете ТУКА.

Насока државна квота партиципација (еур) приватна квота кофинансирање (еур) Вонредни кофинансирање (еур) за вонредни

УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ - ЧЕТИРИГОДИШНИ

 

 

 

 

 

 

Туризам  

40

200

30

400

25

400

Осигурување 

35

200

25

400

10

400

Царина и шпедиција 

35

200

25

400

10

400

Менаџмент во услужен сектор 

30

200

20

400

10

400

Хотелско - ресторански менаџмент

20

200

10

400

10

400

Гастрономија

20

200

5

400

5

400

УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ - тригодишни

 

 

 

 

 

 

Безбедност и финансиска контрола (заедничка студиска програма со Факултетот за безбедност)

нема

200

нема

400

нема

400

СТУДИСКА ПРОГРАМА НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

20

200

10

400

10

400

Туризам

10

200

5

400

5

400

Царина и шпедиција

10

200

5

400

5

400

 

Документи за пријавување и запишување

При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи: 

  1. Пријава за запишување
  2. Оригинални свидетелства од сите класови
  3. Оригинално свидетелство за завршено средно образование
  4. Документ-диплома за положена државна матура или за положена училишна матура или за положен завршен испит
  5. Извод од матичната книга на родените
  6. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
  7. Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава III, точка 3
  8. Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат и соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат и соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока
  9. Кандидатите кои конкурираат како странски државјани ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава V, точка 3 и 4
  10. Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци 

 
Напомена: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите пред пријавувањето, да направат преписи од документите за своите потреби. 
 
При запишувањето во прва година на прв циклус судии, примените кандидати поднесуваат: 

       1. Индекс и студентска легитимација

       2. Tри фотографии (2 – 3,5х4,5см. и 1 - 2х3см.)

       3. Пријавни листови

       4. Потврда за уплатени средства за партиципација или за кофинансирање на жиро сметката на соодветната единица на Универзитетот.

  • државна квота 6150 денари
  • кофинансирање 12300 денари
  • кандидати од самохран родител 3075 денари

       5. Уплата на рата за учебници

  • Туризам 4000 денари
  • ГИД 4000
  • Хотелско ресторанска 4000
  • Осигурување 4000
  • Царина и шпедиција 4000
  • МУС 3200
  • БФК 4000

       6. Потврда за уплатени 200 денари наменски средства за културно-уметнички потреби на студентите

       7. Потврда за уплатени 300 денари за студентски гласила и за други потреби на студентите во наставно-образовниот процес,

       8. Потврда за уплатени 1000 денари за функционирање и развој на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола,

       9. Потврда за уплатени 85 денари за обрасци

      10. Потврда за уплатени 600 денари за книжен фонд и тетратки

      11. Потврда за уплатени 50 дерари за административни такси

      12. Потврда за уплатени 200 денари за студентска организација на ФТУ