Туризам - 1 година

Постоењето на вториот циклус едногодишни универзитетски студии по туризам, отвора можности за стекнување со потесни стручни познавања од областа на туризмот како надградба на стекнатото знаење од првиот циклус на студии со освоени 240 кредити применувајќи соодветни методологии за систематско и креативно решавање на сложени прблеми. Според националната рамка на високообразовните квалификации, припаѓа на втор циклус на студии - магистерски академски студии – 60 кредити VIIA, со времетраење од 1 (една) година со 2 (два) семестри.

Оваа програма е креирана во функција на користење на современи методи во работните активности, особено за осознавање на новите научни резултати и нивна имплементација како апликативни решенија. Со оваа програма се зголемува можноста за натамошно унапредување на туристичката дејност во Република Македонија, профилирајќи стручњаци кои ќе се обучени да се справат со посложени предизвици на современите туристички процеси. Преку процесот на научно истражување и способност на примена на проширено и продлабочено знаење профилираниот кадар ќе биде оспособен правилно да пристапува кон планирање и реализирање на работните процеси и задачи во областа на туризмот.

                Стекнатите знаења од мултидис-циплинарен карактер во текот на студирањето на вториот циклус им обезбедуваат на студентите способност за справување со сложени прашања, систематско и креативно проценување на различни информации и податоци. Студентите се стекнуваат со способност да ги оценат теоретските и практичните прашања од напредните сознанија постигнати во сферата на туризмот, со цел успешно да ги оценат и селектираат научните теории, методологии, алатки и општи вештини од областа на туризмот и да поставуваат нови анализи и решенија на научна основа.

 

Елаборат: