Осигурување - 1 година

Студиската програма по ОСИГУРУВАЊЕ од втор циклус – магистерски академски студии e според модел 4+1. Според националната рамка на високообразовните квалификации припаѓа на втор циклус на студии – магистерски академски студии 60 кредити - VIIA

Студиската програма по ОСИГУРУВАЊЕ во втор циклус претставува можност за унапредување на дејноста осигурување во Република Македонија низ користење на профилирани стручњаци кои ќе можат да се справат со предизвиците на современите процеси во областа на осигурувањето. Конкурентноста на осигурителниот пазар бара да се стекнат проширени знаења за совремите тенденции во осигурителната дејност, а во насока на модернизирање на практиките, од аспект на областите кои се основни во осигурувањето: економските науки, правни и математичко-техничките науки, економската условеност и економските резултати, правната регулираност и контролата на сложените активности.

Профилираниот кадар се стекнува со продлабочени знаења кои овозможуваат правилен пристап во планирањето и реализирањето на работните процеси во оваа област.

Студиската програма на втор циклус ОСИГУРУВАЊЕ им овозможува на завршените студенти изградување способности за критичко, независно и креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со полето на студирање. Исто така, студентите се оспособуваат за настап на осигурителниот пазар со креирана соодветност на елементите кои се неопходни. Тие изградуваат способности за компетентно вклучување на пазарот на труд во земјата и во странство.

 

Елаборат: