Гастрономија, исхрана и диететика - 2 години

Студиската програма по Гастрономија, исхрана и диететика според националната рамка на високообразовните квалификации припаѓа на втор циклус на студии – магистерски академски студии со 120 кредити – VII A.

Согласно меѓународната стандардна класификација на образованието – ISCD и меѓународната Фраскатиева класификација, студиската програма од Гастрономија, исхрана и диететика припаѓа во подрачјето општествени науки (5), научно поле туризам и угостителство (5.14).

Студиската програма на новата насока “Гастрономија, Исхрана и Диететика” овозможува креирање на високо професионални кадри од областа на гастрономијата, исхраната и диететиката. Овие кадри ќе овозможат унапредување на гастрономските вештини и техниките на готвење, осознавање и применување на правилната исхрана и диеталните режими на исхрана што во целост ќе придонесе за развивање на туризмот и угостителството во Република Македонија, подобрување на здравјето и квалитетот на животот на населението во Република Македонија, како и применување на професионален приод во лекувањето на болестите со помош на специфични режими на исхрана. Гастрономијата како специфична угостителска дејност зазема исклучително важна улога во целокупниот општествено - економски развој на нашата земја со оглед на фактот што истата се одликува со многу вековна гастрономска традиција и со силно изразено гостопримство.

Елаборат: