Докторски

Токму предизвикот да се биде во чекор со современите тенденции и услови го одведе Факултетот за туризам и угостителство кон реализација на зацртаните цели. Дури и пред донесувањето на нормативните определби, се пристапи кон компетенции кои третиот циклус на овие студии го исфрлија во преден план. Денес Факултетот за туризам и угостителство е дел од авангардните чинители во високото образование во Р. Македонија кои успеаа да се закитат со пиететот на носители на реформираните докторски системи. Така „Традицијата продолжува“, како што во минатото беше насока да се биде меѓу првите во Европа со изворни студии од областа на туризмот и угостителството.

Процесот на акредитација подразбира строги критериуми. Место да се повлечеме, Факултетот за туризам и угостителство влезе во борба со предизвиците. Само така тој успеа да се наметне како институција која во докторските студии гледа инспирација за идно творештво и безрезервна посветеност кон научните и образовните трендови во Светот. Факултетот за туризам и угостителство гордо може да објави дека има акредитирани 11 ментори на трет циклус студии. Објавувањето на нивните трудови во светски, престижни списанија, реализација на интернационални проекти и активен однос во обавувањето на својата професија придонесе оваа институција да има престижно место во едукативниот процес на третиот циклус. На овој начин Болоњскиот процес е усвоена европска солуција. Институцијата се етаблира во редот на лидерите во високото образование. Докторската диплома е препознатлив имиџ надвор од границите на нашата држава.

Студиски програми

 

Докторски дисертации:

1. М-р Хисен Согојева

04.05.2017 - ВОДОПАДИТЕ НА МИРУШЕ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВО РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ ВО KОСОВО - Кандидат: М-р Хисен Согојева

Авторезиме MK

Avtorezime EN

2. М-р Алберта Тахири

05.05.2017 - МЕНАЏМЕНТ КОМПЕТЕНЦИИ ЗА КРЕИРАЊЕ ЕФЕКТИВНИ СТРАТЕГИИ И КОНТРОЛИНГ КАКО ФАКТОР ЗА РАЗВОЈ НА ХОТЕЛИЕРСТВОТО НА ОПШТИНА ПЕЌ - Кандидат: М-р Алберта Тахири

Авторезиме MK

Avtorezime EN

3. М-р Петрит Хасанај

02.11.2017 - ПРИМЕНА НА ФАС МЕТОДОТ ВО ФУНКЦИЈА НА ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА КОСОВО - Кандидат: М-р Петрит Хасанај

Авторезиме MK

Avtorezime EN

4. М-р Беке Куќи

07.11.2017 - ПЕРСПЕКТИВАТА НА ТУРИСТИЧКИОТ РАЗВОЈ НА КОСОВО ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ТУРИСТИЧКИ ПАЗАР - Кандидат: М-р Беке Куќи

Авторезиме MK

Avtorezime EN

5. М-р Исак Ајрули

20.11.2017 - ПРОМОЦИЈАТА КАКО ФАКТОР НА КОНКУРЕНТСКА ПРЕДНОСТ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОИЗВОД НА ЗИМСКИОТ ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР ПОПОВА ШАПКА - Кандидат: М-р Исак Ајрули

Авторезиме MK

Avtorezime EN

6. М-р Фатбарда Јашари

07.12.2017 - ВЛИЈАНИЕТО НА СТРАТЕГИСКИОТ МЕНАЏМЕНТ ВО РАЗВОЈОТ НА ХОТЕЛСКИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РЕПУБЛИКА КОСОВО - Кандидат: М-р Фатбарда Јашари

Авторезиме MK

Avtorezime EN

7. М-р Дарко Блажевски

04.01.2018 - УЛОГАТА НА ЈАВНО ПРИВАТНОТО ПАРТНЕРСТВО ВО РАЗВОЈОТ НА ПАЗАРОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ ОД КАТАСТРОФАЛНИ РИЗИЦИ - Кандидат: М-р Дарко Блажевски

Авторезиме MK

Авторезиме EN

8. М-р Љубе Никлески

05.02.2018 - ЦАРИНСКA ЗАШТИТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРЕХРАНБЕНИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - Кандидат: М-р Љубе Никлески

Авторезиме MK

Avtorezime EN

9. М-р Гезим Шабани

20.04.2018 - ВЛИЈАНИЕТО НА ПРОМОТИВНАТА ФУНКЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ ВРЗ РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ ВО КОСОВО - Кандидат: М-р Гезим Шабани

Авторезиме MK

Avtorezime EN

10. М-р Сали Красничи

20.04.2018 - ОРГАНИЗАЦИСКАТА КУЛТУРА КАКО СОВРЕМЕНА ПАРАДИГМА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ХОТЕЛСКАТА ПОНУДА - Кандидат: М-р Сали Красничи

Авторезиме MK

Avtorezime EN