Огласна табла

СООПШТЕНИЕ - Пракса - ХРМ, ГИД и Гастрономија

12/04/2018 - 12:55

Се известуваат сите студенти од насоките ХРМ, ГИД и Гастрономија, кои треба да изведуваат пракса во летниот семестар 2018 да се пријават и заведат во список кај м-р Климент Арнаудов најкасно до четврток 19.04.2018.

Соопштение - проф. Д-р Пеце Николоски - Испити

11/04/2018 - 18:42

Испитите кај проф д-р Пеце Николовски на насока БФК ќе се одржат на 13.04.2018 година (петок) во 9 часот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ за I (прва) година насока Осигурување - Принципи на управување со ризик

10/04/2018 - 14:37

Се известуваат студентите од I (прва) година насока Осигурување дека наставата по предметот “Принципи на управување со ризик” поради службено отсуство на предметниот наставник нема да се одржи на 11.04.2018 година (среда), односно се презакажува за 17.04.2018 година (вторник) во 11:00 часот.

Предметен наставник

ИЗВЕСТУВАЊЕ за практична работа

10/04/2018 - 10:16

Се известуваат сите студенти од насоката туризам дека на 12ти април, четврток во 11.00 часот се закажува последната консултативна средба за практична работа.

Присуството е задолжително!

Место на одржување: амфитеатар

 

Со почит

Проф. д-р. Иванка Нестороска

ИЗВЕСТУВАЊЕ АНГЛИСКИ ЈАЗИК 4

05/04/2018 - 10:11

Поради априлската казнена сесија, сите презентации по предметот Англиски јазик 4 ќе се презентираат на  24.04.2018 во 10.00 ч.

 

Проф. Д-р Ирина Петровска