Огласна табла

Соопштение за предавања Социологија на туризмот

06/12/2016 - 12:56

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР 2016/2017 СЛУШААТ СОЦИОЛОГИЈА НА ТУРИЗМОТ КАЈ ПРОФ.Д-Р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ дека редовните часови по предметот од Четврток (08.12.2016, неработен ден) ќе се одржат во ПЕТОК (09.12.2016) од 12:00 часот.

 

Охрид,06.12.2016                                                             

Предметен професор: Проф.д- р Пере Аслимоски

Известување – Англиски јазик

06/12/2016 - 12:55

Предавањата  по предметот АНГЛИСКИ ЈАЗИК (насока туризам, хотелско-ресторански менаџмент и гастрономија исхрана и диететика)   од среда  5.12.2016 г. 9.00 ч. се одлагаат и се презакажуваат  за понеделник 12.12.2016 во 11.00 ч.

 

Проф. Д-р Ирина Петровска

СООПШТЕНИЕ за Поправен прв колоквиум по Уставно право

06/12/2016 - 12:55

Им се соопштува на студентите дека поправниот I колоквиум по предметот Уставно право кај Проф. д-р. Јове Кекеновски ќе се одржи на ден 7ми декември, среда со почеток во 10 часот.
 

Со почит,
 

Проф. д-р. Јове Кекеновски

СООПШТЕНИЕ за ЕКОНОМИКА НА ЕУ

06/12/2016 - 12:54

Се известуваат студентите кои го слушаат предметот “ЕКОНОМИКА НА ЕУ” дека на 23.12.2016 година (петок) со почеток во 11:00 часот ќе се одржи клиничка настава од страна на претставник од Ревизорското тело за ревизија на претпристапната помош на Европската Унија во Република Македонија (ревизија на инструментот за предпристапна помош – ИПА).

Покрај студентите кои во овој семестар го слушаат предметот “ЕКОНОМИКА НА ЕУ”, на предавањето може да присуствуваат и сите други заинтересирани студенти.

Средба со претставници од туристичкото и угостителското стопанство за обавување на студентска пракса

30/11/2016 - 13:31

На ден 30.11.2016 година на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беше остварена средба со менаџери хотели и туристички агенции од Охридско - Струшкиот регион. Од страна на деканатската управа им беше презентиран концептот за обавување на студентска пракса при што беа разменети мислења и ставови кои ќе придонесат кон издигнување на сегментот на практична наобразба на повисоко ниво. Од двете страни во целост беа прифатени мислењата, препораките и сугестиите кои беа ставени на дискусија.

Резултати од испитот по предметот Актуарство одржан на 24.11.2016

30/11/2016 - 08:40

Тука ќе ги најдете резултатите од испитот по предметот Актуарство одржан на ден 24.11.2016.