Огласна табла

СООПШТЕНИЕ - студенти прва година - Документи

19/12/2017 - 12:07

СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ЧЛЕН 119, СТАВ 4,  Документите за претходното образование по завршената уписна постапка му се враќаат на студентот.

СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ на ФТУ- ОХРИД ВО ПРВА ГОДИНА ВО АКАДЕМСКАТА 2017/2018 ГОДИНА ДА СЕ ОБРАТАТ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА ОД 09.01.2018 ГОДИНА ДО 15.01.2018 ГОДИНА ОД 12 ДО 14 ЧАСОТ СО ЦЕЛ ДА ГИ ПОДИГНАТ ДОКУМЕНТИТЕ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ.

Соопштение ЗА КОЛОКВИУМ РЕОСИГУРУВАЊЕ - ОХРИД

15/12/2017 - 11:15

Се известуваат студентите од Охрид, III година насоката Осигурување кој го имаат избрано предметот РЕОСИГУРУВАЊЕ дека II Колоквиум е закажан на ден 20.12.2017 год. (Среда) во 11 часот, Предавална 4.

 

Предметен наставник,

Проф. Д-р Братислав Милошевиќ

 

Соопштение за Осигурување на земјоделството

15/12/2017 - 11:15

Се известуваат студентите од Охрид, IV година од сите насоки кој го имаат избрано предметот ОСИГУРУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО дека Колоквиум е закажан на ден 22.12.2017 год. (Петок) во 10 часот,  Предавална 4.

 

Предметен наставник,

Проф. Д-р Братислав Милошевиќ

Промена на термини за полагање II колоквиуми - Проф.д-р Мирјана Секуловска

13/12/2017 - 12:24

Ве известуваме за промена на веќе закажаните термините за II (втори) колоквиуми по предметите: ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ и БИЗНИС ИНФОРМАТИКА, кои ќе се одржат на ден 25.12.2017 (Понеделник) во 12:00 часот.

 

Предметен професор:

Проф.д-р Мирјана Секуловска                                                                          

Известување за одлагање на предавања - Социологија на туризмот

13/12/2017 - 12:06

Предавањата по предметот СОЦИОЛОГИЈА НА ТУРИЗМОТ на ден 14.12.2017 (Четврток) нема да се одржат заради службено отсуство на Проф.д-р Пере Аслимоски.

                                                                                                          

Предметен професор:                                                                      

Проф.д- р Пере Аслимоски

Доделување на дипломи на ФТУ

12/12/2017 - 15:15

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола.