Огласна табла

Известување за студентите од ПРВА година - Проф.д-р Пере Аслимоски

19/09/2017 - 00:19

СЕ ИЗВЕСТУВААТСТУДЕНТИTE од (I) годинана насоките ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО УСЛУЖЕН СЕКТОР кои воЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР 2017/2018  слушаатСОЦИЛОГИЈА НА ТУРИЗМОТ ИСОЦИЛОГИЈА кајПРОФ.Д-Р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ дека првите воведни предавања  ќе се одржат во Петок (22.09.2017 година) со почеток од 09:00 часот.

                                                                                 

Информација за учество на Форум 16+ 1

19/09/2017 - 00:16

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

СООШТЕНИЕ ЗА ПРВА ГОДИНА СТУДЕНТИ - СИТЕ НАСОКИ

18/09/2017 - 11:56

Воведните предавања по странски јазик (Англиски и Германски) за сите насоки (Туризам, Хотелско-ресторанска, Гастрономија, Менаџмент во услужен сектор и Царина и Шпедиција) за студентите од прва година ќе се одржат на 20.09.2017 (среда) во 08:00 часот во Амфитеатар.

 

Од професорите по странски јазици

Соопштение - II циклус на насоката Безбедност и финансиска контрола

14/09/2017 - 10:48

Се известуваат студентите од втор циклус на насоката Безбедност и финансиска контрола дека испитите по предметите Современи теории и системи за безбедност и Методика на истражување на финансиски организиран криминал се презакажуваат за ден 19.09.2017 (вторник) во 14 часот.

 

Од предметните професори

Свечен час за студентите од прва година

12/09/2017 - 10:05

Свечениот час за студентите од прва година за новата академака 2017/18 година ќе се одржи на 18.09.2017 со почеток во 11 часот. На часот ќе присуствуваат наставниот кадар од ФТУ, претставници од Twinning проектот од Ирска и Франција за развој на центри за кариера, претставници на универзитетот, стопанственици од областа на туризмот и медиуми.
 

Соопштение за резултати - Финансиски менаџмент и Вовед во осигурување

09/09/2017 - 15:04

Резултати од испитот Финансиски менаџмент и Вовед во осигурување ќе има на ден 12.09.2017 (вторник) во 12 часот.