Огласна табла

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ ВТОР КОЛОКВИУМ - ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА - ПРОФ. НАУМЕ МАРИНОСКИ - ОХРИД

12/05/2017 - 17:00

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА ДЕКА ВТОРИОТ КОЛОКВИУМ СЕ ЗАКАЖУВА НА ДЕН 25.05.2017 – ЧЕТВРТОК ВО 10:00 ЧАСОТ.

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Науме Мариноски

Успешен настап на студентот, Томе Барбутов на Светскиот форум за туризам во Луцерн, Швајцарија

12/05/2017 - 00:42

На петтиот Светски форум за туризам (WTFL 2017) под покровителство на Светската туристичка организација што се одржа од 2-5 мај 2017 година во Луцерн, Швајцарија, Томе Барбутов кој е студент на 3 година Туризам при Факултетот за туризам и угостителство, Охрид, успешно го одбрани својот истражувачки труд Promotion of safety and security for sustainable tourism development in Republic of Macedonia, со што влезе во деветте финалисти на Млади таленти на Форумот, со најдобри научноистражувачки трудови за 2017 година.

Апсолвентска Вечер

11/05/2017 - 17:42

Соопштение.
Апсолвентската вечер ќе се одржи на 17.05 среда во хотел Амбасадор.Цена на карта 1200 во која следува:
Ладно предјадење
Руска салата,кашкавал,печеница,кулен,чадено пилешко филе,свински врат,чајна
Топло предјадење
Похован кашкавал,тартар сос
Главно јадење
Телешко печење во сос од печурки,Пилешко филе Ала Амбасадор,гарнир мешан
Салата мешана
Десерт
Чоколаден ролат

Соопштение за втори колоквиуми по предметите кај Проф. д-р. Иванка Нестороска

09/05/2017 - 13:54

Вторите колоквиуми по предметите Меѓународен туризам и Анимации во туризмот ќе се одржат на ден 15 мај, понеделник со почеток во 10 часот

 

Вториот колоквиум по предметот Менаџмент на настани ќе се одржи​на ден 19ти мај, петок со почеток во 10 часот.

 

Со почит,

 

Предметен наставник:

 

Проф. д-р Иванка Нестороска

Крводарителска акција во ФТУ, 09.05.2017

09/05/2017 - 13:18

Давајќи малку, помагате многу.

Вашата помош оди во вистински раце.

Многумина благодарни.

НАДВОРЕШНА ЕВАЛУАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ

09/05/2017 - 11:07

На 10 и 11 мај 2017 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе престојува експертски тим од Институционалната евалуациона програма при Европската асоцијација на универзитети со цел спроведување надворешна евалуација на Универзитетот.

Посетата на експертскиот тим е единствена можност за добивање надворешна, објективна оценка за работењето на Универзитетот од една престижна, независна Европска организација. Истовремено, надворешната евалуација е во функција на континуираниот развој на УКЛО, а пред се, на системот за обезбедување и унапредување на квалитетот.