Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector that will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic and the different thematic areas of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding; and financial services.

Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Огласна табла

Предавања - Организирање на конгреси и средби - Воведни предавања

23/09/2017 - 12:47

Воведните предавања по предметот Организирање на конгреси и средби ќе се одржат на 02.10, понеделник со почеток во 11часот во училницата по англиски јазик на II спрат на ФТУ.

Со почит,

Предметен наставник

Проф. д-р. Иванка Нестороска

Соопштение за изборниот предмет ,,Организирање на конгреси и средби''

23/09/2017 - 12:46

 

Заинтересираните студенти кои сакаат да го слушаат предметот Организирање на конгреси и средби да се пријават до 27ми септември, среда кај М-р Климент Наумов од 8 до 11ч (во читалната на библиотеката)

 

Со почит,

Предметен наставник

Проф. д-р Иванка Нестороска

Известување за предавање по предметот Вовед во осигурување

22/09/2017 - 13:20

Се известуваат студентите кои го слушаат предметот Вовед во осигурување кај Проф. Д-р Климе Попоски предавање ќе имаат на ден 26.09.2017 (вторник) во 17 часот.

Известување за Четврт уписен рок

20/09/2017 - 15:19

Ве известуваме дека Универзитетот ќе објави четврт уписен рок за пријавување и запишување студенти на прв циклус студии во текот на следната недела. 

Соопштение за предавања по предметот Деловно комуницирање

20/09/2017 - 14:34

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВОЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР 2017/2018 ГО СЛУШААТПРЕДМЕТОТ ДЕЛОВНО КОМУНИЦИРАЊЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р ЛИЛЈАНА БАТКОСКА ДЕКАПРЕДАВАЊАТА ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ  СЕКОЈ ВТОРНИК ОД 12:00 ЧАСОТ ЗАПОЧНУВАЈЌИ од Вторник (26.09.2017 година), во Предавална (1).

 

Предметен професор:

Проф. д-р Лилјана Баткoска

Соопштение за предавања по предметот Деловна психологија

20/09/2017 - 14:33

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВОЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР 2017/2018 ГО СЛУШААТПРЕДМЕТОТ ДЕЛОВНА ПСИХОЛОГИЈА НА НАСОКАТА МЕНАЏМЕТ ВО УСЛУЖЕН СЕКТОРКАЈ ПРОФ. Д-Р ЛИЛЈАНА БАТКОСКА ДЕКА ПРЕДАВАЊАТА ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ  СЕКОЈВТОРНИК ОД 09:00 ЧАСОТ ЗАПОЧНУВАЈЌИ од Вторник (26.09.2017 година), во Предавална (1).

 

Предметен професор:

Проф. д-р Лилјана Баткоска

Известување за воведни предавања - Проф.д-р Лилјана Баткоска

19/09/2017 - 12:28

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВОЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР 2017/2018 ГИ СЛУШААТПРЕДМЕТИТЕ: ДЕЛОВНА ПСИХОЛОГИЈА И ДЕЛОВНО КОМУНИЦИРАЊЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р ЛИЛЈАНА БАТКОСКА ДЕКА (I) ВОВЕДНИ ПРЕДАВАЊА ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ВО СРЕДА (20.09.2017) СО ПОЧЕТОК ВО 10:00 ЧАСОТ, во Амфитеатар.

 

Предметен професор:

Проф. д-р Лилјана Баткоска

Известување за студентите од ПРВА година - Проф.д-р Пере Аслимоски

19/09/2017 - 00:19

СЕ ИЗВЕСТУВААТСТУДЕНТИTE од (I) годинана насоките ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО УСЛУЖЕН СЕКТОР кои воЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР 2017/2018  слушаатСОЦИЛОГИЈА НА ТУРИЗМОТ ИСОЦИЛОГИЈА кајПРОФ.Д-Р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ дека првите воведни предавања  ќе се одржат во Петок (22.09.2017 година) со почеток од 09:00 часот.

                                                                                 

Информација за учество на Форум 16+ 1

19/09/2017 - 00:16

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Партнери