Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector that will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic and the different thematic areas of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding; and financial services.

Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Огласна табла

СООПШТЕНИЕ за Практична работа

22/12/2017 - 12:00

Студентите на насоката туризам (сите студиски години) да дојдат на ден 27ми декември (среда) во 11 часот во амфитеатар и притоа да ги носат со себе потврдите и дадените задачи.

 

Со почит,

Проф. д-р. Иванка Нестороска

Известување за термини за полагање II колоквиум - Проф.д-р Пере Аслимоски

21/12/2017 - 10:24

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВОЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР 2017/2018 СЛУШААТ ПРЕДМЕТИ кај  КАЈПРОФ. Д-Р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ  дека II (вторите) колоквиуми ќе се одржат во следните термини:

  • СОЦИОЛОГИЈА НА ТУРИЗМОТ ,Четврток (28.12.2017), во 10:00 часот
  • СОЦИОЛОГИЈА, Петок (29.12.2017), во 10:00 часот

 

Известување за термини за полагање II колоквиуми - Проф.д-р Лилјана Баткоска

19/12/2017 - 13:06

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВОЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР 2017/2018 СЛУШААТ ПРЕДМЕТИ кај  КАЈ ПРОФ. Д-Р ЛИЛЈАНА БАТКОСКА  дека II (вторите) колоквиуми ќе се одржат во следните термини:

  • ДЕЛОВНА ПСИХОЛОГИЈА , Вторник (26.12.2017), во 11:00 часот
     
  • ДЕЛОВНО КОМУНИЦИРАЊЕ, Вторник (26.12.2017), во 11:00 часот

 

Предметен професор:

Проф. д-р Лилјана Баткоска

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ ВТОР КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р САШО КОРУНОВСКИ - КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО - ОХРИД

19/12/2017 - 12:39

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГИ СЛУШААТ ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р САШО КОРУНОВСКИ ДЕКА КОЛОКВИУМОТ ПО ПРЕДМЕТОТ ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО СЕ ЗАКАЖУВА НА ДЕН 25.12.17 – ПОНЕДЕЛНИК ВО 10:00 ЧАСОТ А ПО ПРЕДМЕТОТКУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО СЕ ЗАКАЖУВА НА ДЕН 28.11.2017 – ЧЕТВРТОК ВО 12:00 ЧАСОТ.

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски

СООПШТЕНИЕ - студенти прва година - систематски преглед

19/12/2017 - 12:07

Сите студенти запишани во прва година во учебната 2017/2018 година треба да извршат ЗАДОЛЖИТЕЛЕН систематски преглед во Општа болница – Охрид, Работилница за превенција на деца и младинци до 31.01.2018 година. Студентите со себе треба да носат индекс и здравствена легитимација.

При запишување на парниот семестар секој студент треба да има печат во индексот за извршен систематски преглед.

СООПШТЕНИЕ - студенти прва година - Документи

19/12/2017 - 12:07

СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ЧЛЕН 119, СТАВ 4,  Документите за претходното образование по завршената уписна постапка му се враќаат на студентот.

СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ на ФТУ- ОХРИД ВО ПРВА ГОДИНА ВО АКАДЕМСКАТА 2017/2018 ГОДИНА ДА СЕ ОБРАТАТ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА ОД 09.01.2018 ГОДИНА ДО 15.01.2018 ГОДИНА ОД 12 ДО 14 ЧАСОТ СО ЦЕЛ ДА ГИ ПОДИГНАТ ДОКУМЕНТИТЕ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ.

Соопштение ЗА КОЛОКВИУМ РЕОСИГУРУВАЊЕ - ОХРИД

15/12/2017 - 11:15

Се известуваат студентите од Охрид, III година насоката Осигурување кој го имаат избрано предметот РЕОСИГУРУВАЊЕ дека II Колоквиум е закажан на ден 20.12.2017 год. (Среда) во 11 часот, Предавална 4.

 

Предметен наставник,

Проф. Д-р Братислав Милошевиќ

 

Соопштение за Осигурување на земјоделството

15/12/2017 - 11:15

Се известуваат студентите од Охрид, IV година од сите насоки кој го имаат избрано предметот ОСИГУРУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО дека Колоквиум е закажан на ден 22.12.2017 год. (Петок) во 10 часот,  Предавална 4.

 

Предметен наставник,

Проф. Д-р Братислав Милошевиќ

Партнери