На 6.12.2018 во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, се одржа форум на тема: Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка

Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Награди добиени на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018

Во периодот 9-11 октомври 2018 година, на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018 учествуваа студенти од Факултетот за туризам и угостителство како натпреварувачи и како учесници на мастер класови од познати готвачи. Нашите студенти освоија две медалји и пехар. На ГАСТРОМАК 2018 учествуваа:

 

Проф. д-р Васо Цуцулески и студентите:

 

Ивица Андрески

Даниел Здравески

Катерина Наковска

Рубин Цветаноски

Александар Фармакоски

Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Посета - Универзитет Ополев Полска

На 08.05.2018 во посета на ФТУ беше делегација од Ун. во Ополе Полска. Беше остварена размена на искуства. Г-ѓа Халина Паалмер-Пистарк како Еразмус коордунатор размена искуства и можности со Проф. Д-р Ирина Петровска, Еразмус коордунатор за ФТУ  

Продеканот на ФТУ учествуваше на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија

Продеканот на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со двајца претставници од студентите учествува на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија. Продеканот одржа и предавање на тема Светска Царинска Организација пред студентите на академијата. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector. It will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding.

Огласна табла

Известување – ИНВЕСТИЦИОНЕН МЕНАЏМЕНТ

15/10/2018 - 12:59

Се известуваат студентите од IV студиска година кои го избрале предметот “Инвестиционен менаџмент” дека предавањата ќе започнат во среда, 17.10.2018 година, во 11 часот.

 

Предметен наставник,

проф. д-р Вера Караџова

 

Известување – ЕКОНОМИКА НА ЕУ

15/10/2018 - 12:55

Се известуваат студентите од III студиска година кои го избрале предметот “Економика на ЕУ” дека предавањата ќе започнат во вторник, 16.10.2018 година, во 11 часот.

 

Предметен наставник,

проф. д-р Вера Караџова

ИЗВЕСТУВАЊЕ ИЗБОРЕН АНГЛИСКИ ЈАЗИК 5 И 7 СЕМЕСТАР СИТЕ НАСОКИ

12/10/2018 - 11:20

ПРЕДАВАЊАТА ПО ИЗБОРЕН  АНГЛИСКИ ЈАЗИК 5 И 7 СЕМЕСТАР  СИТЕ НАСОКИ  ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ ВО ПОНЕДЕЛНИК ВО КАБИНЕТОТ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО 11.00 ч.

 

Предметен  наставник

Проф. Д-р Ирина Петровска

СООПШТЕНИЕ Сметководство

09/10/2018 - 16:24

Им се соопштува на студентите кои го слушаат предметот Сметководство дека предавањата ќе се одржуваат секој четврток од 11.00 часот.

 

Проф.д-р Деса Косаркоска

Доц.д-р Ирина Јолдеска

СООПШТЕНИЕ - Организирање на конгреси и средби

08/10/2018 - 13:27

Студентите кои што го одбрале предметот Организирање на конгреси и средби да дојдат во Понеделник 15.10.2018 во 11:00ч за првото предавање.

 

Проф. Д-р Иванка Нестороска

 

 

СООПШТЕНИЕ за Даночно работење на насока БФК

05/10/2018 - 15:32

Предавањата по предметот Даночно работење на насока БФК кај проф д-р Ивица Смиљковски ќе се одржуваат во понедленик со почеток од 12 часот.

САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПАЗАР НА ИДЕИ

04/10/2018 - 15:34

Настанот кој ќе има цел да ги соедини работодавците и искусните професионалци со барателите на работа под еден кров ќе се одржи на 05.10.2018 г. во непосредна близина на ТЦ Амам во период од 12 до 15 часот.

Се препорачува присуство на студенти од сите насоки при ФТУ - Охрид.

http://ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=7147

Предавање по предметот вовед во осигурување

04/10/2018 - 15:25

Предавања по предметот Вовед во осигурување кај проф. д-р Климе Попоски ќе се одржи на ден 06.10.2018год.(сабота) во 12 часот.

Известување за термини за предавања во зимски семестар 2018/19 - Проф.д-р Лилјана Баткоска

03/10/2018 - 11:03

Се известваат студентите кои во зимскиот семестар 2018/2019 слушаат предмети кај Проф.д-р Лилјана Баткоска дека предавањата ќе се одржуваат во следните термини:

 -  БИЗНИС ПСИХОЛОГИЈА, насока: МЕНАЏМЕТ ВО УСЛУЖЕН СЕКТОР, секој Вторник, 10:00 - 13:00 часот, Предавална (2)

-   БИЗНИС КОМУНИКАЦИИ, насока: Гастрономија и ИЗБОРЕН, секој Вторник, 13:00 - 16:00 часот, Предавална (2)

 

Предметен професор:

Проф.д-р Лилјана Баткоска

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРЕДАВАЊА ПО ПРЕДМЕТИТЕ ХРАНА И КУЛТУРА И ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО - ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ - ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2018-19 - ОХРИД

03/10/2018 - 11:02

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГИ СЛУШААТ ПРЕДМЕТИТЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО КАЈ ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР 2018/19 ГОДИНА ДЕКАПРЕДАВАЊАТА СЕ ЗАКАЖУВААТ ВО СРЕДА ОД 08:30 ЧАСОТ, НАМЕСТО ВО 08:00 ЧАСОТ.

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски

ЗАДОЛЖИТЕЛНО пополнување анкети - СООПШТЕНИЕ

02/10/2018 - 15:01

Сите студенти што запишаа трет семестар на 01 и 02 октомври 2018 треба ЗАДОЛЖИТЕЛНО да пополнат електронска анкета за предметите од претходниот парен семестар во iKnow системот најдоцна до 05.10.2018 година.

Студентите кои ќе вршат запишување на семестар во наредните денови на упис без пополнета анкета нема да може да им  се запише семестарот.

 

Партнери