Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Посета - Универзитет Ополев Полска

На 08.05.2018 во посета на ФТУ беше делегација од Ун. во Ополе Полска. Беше остварена размена на искуства. Г-ѓа Халина Паалмер-Пистарк како Еразмус коордунатор размена искуства и можности со Проф. Д-р Ирина Петровска, Еразмус коордунатор за ФТУ  

Продеканот на ФТУ учествуваше на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија

Продеканот на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со двајца претставници од студентите учествува на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија. Продеканот одржа и предавање на тема Светска Царинска Организација пред студентите на академијата. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector. It will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding.

Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Огласна табла

СООПШТЕНИЕ за Систематски преглед за СТУДЕНТИ

23/12/2016 - 12:14

Сите студенти запишани во прва година во учебната 2016/2017 година треба да извршат ЗАДОЛЖИТЕЛЕН систематски преглед во Општа болница – Охрид, во Здравствен дом во периодот од 09.01.2016 година до 09.02.2016 година. Студентите со себе треба да носат индекс и здравствена легитимација.

При запишување на парниот семестар секој студент треба да има печат во индексот за извршен систематски преглед.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ НА ВТОРИОТ КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ - КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО-ОХРИД

21/12/2016 - 15:26

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГИ СЛУШААТ ПРЕДМЕТИТЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ДЕКА ВТОРИОТ КОЛОКВИУМ И ПОПРАВНИОТ ПРВ КОЛОКВИУМ СЕ ЗАКАЖУВААТ ЗА ДЕН 28.12.2016 – СРЕДА ВО 13:00 ЧАСОТ.

 

Предметен наставник:

Охрид, 21.12.2016                                   Проф. Д-р Сашо Коруновски

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРЕЗАКАЖУВАЊЕ ВЕЖБИ по предметот ОСНОВИ НА ТУРИЗАМ - закажани за ден 22.12.2016 - ОХРИД

21/12/2016 - 15:26

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТ ОНОВИ НА ТУРИЗАМ ДЕКА ВЕЖБИТЕ ЗАКАЖАНИ ЗА ДЕН 22.12.2016 – ВТОРНИК ВО 09:00 ЧАСОТ СЕ ПРЕЗАКАЖУВААТ ВО 08:00 ЧАСОТ ИСТИОТ ДЕН.

 

Предметен наставник:

Охрид, 21.12.2016                                   Проф. Д-р Науме Мариноски

СООПШТЕНИЕ - II Колоквиум Германски јазик - Елена Цицковска

19/12/2016 - 14:30

Вториот колоквиум по Германски јазик кај Доц. Д-р Елена Цицковска ќе се одржи на 21.12.2016 год. (среда) во 08:00 часот.

Freundliche Grüße und viel Glück!

 

 

Известување за предметот БИЗНИС ИНФОРМАТИКА кај Проф.д-р Мирјана Секуловска

15/12/2016 - 15:54

СЕ ИЗВЕСТУВААТ студентите кои во зимскиот семестар 2016/2017 го имаат избрано предметот Бизнис информатика кај Проф.д-р Мирјана Секуловска дека во Вторник (20.12.2016) во 13:00 часот се закажува консултативна средба.

Колоквиумот по предметот ќе се одржи во Понеделник (26.12.2016) во 13:00 часот.

 

Предметен професор:

Проф.д-р Мирјана Секуловска                                                                       Охрид, 15.12.2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ Колкивиумско полагање на ЗАДОЛЖИТЕЛЕН СЕМИНАР  по англиски јазик на насоката МУС

14/12/2016 - 13:08

Колкивиумско полагање на ЗАДОЛЖИТЕЛЕН СЕМИНАР  по англиски јазик на насоката МУС:

Петок, 23.12. во 10.00 ч.

 

Проф. Д-р Ирина Петровска

Партнери