Награди добиени на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018

Во периодот 9-11 октомври 2018 година, на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018 учествуваа студенти од Факултетот за туризам и угостителство како натпреварувачи и како учесници на мастер класови од познати готвачи. Нашите студенти освоија две медалји и пехар. На ГАСТРОМАК 2018 учествуваа:

 

Проф. д-р Васо Цуцулески и студентите:

 

Ивица Андрески

Даниел Здравески

Катерина Наковска

Рубин Цветаноски

Александар Фармакоски

Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Посета - Универзитет Ополев Полска

На 08.05.2018 во посета на ФТУ беше делегација од Ун. во Ополе Полска. Беше остварена размена на искуства. Г-ѓа Халина Паалмер-Пистарк како Еразмус коордунатор размена искуства и можности со Проф. Д-р Ирина Петровска, Еразмус коордунатор за ФТУ  

Продеканот на ФТУ учествуваше на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија

Продеканот на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со двајца претставници од студентите учествува на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија. Продеканот одржа и предавање на тема Светска Царинска Организација пред студентите на академијата. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector. It will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding.

Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

Огласна табла

СООПШТЕНИЕ ЗА ВПИШУВАЊЕ ОЦЕНКИ ВО ИНДЕКС ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ-КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАС., ХРАНА И КУЛТУРА - ФЕВРУАРИ 2017

07/02/2017 - 14:33

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГИ ПОЛОЖИЛЕ ИСПИТИТЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р САШО КОРУНОВСКИ: КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ХРАНА И КУЛТУРА ДЕКА КАЈ АСИСТЕНТОТ МИХАЕЛ РИСТЕСКИ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕДАДАТ ИНДЕКСИТЕ ЗА ВПИШУВАЊЕ ОЦЕНКИ НАЈДОЦНА ДО 09.02.2017 – ЧЕТВРТОК. ПРОФЕСОРОТ САШО КОРУНОВСКИ ЌЕ ГИ ПОТПИШЕ ИНДЕКСИТЕ ВО ПЕТОК – 10.02.2017 ВО ПЕРИОДОТ ОД 10:00 ДО 13:00 ЧАСОТ

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски

СООПШТЕНИЕ за предавања кај Проф. Ивица Смиљковски

07/02/2017 - 10:28

Предавањата кај проф Ивица Смиљковски ќе се одржуваат во понеделник и вторник во 12 часот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ - АНГЛИСКИ ЈАЗИК 4 регистрација

06/02/2017 - 12:56

СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО ОДБРАЛЕ ПРЕДМЕТОТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК 4 ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ТРЕБА ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ КАЈ КЛИМЕНТ НАУМОВ.

Краен термин за пријавување е 10.02.2017

Терминот за предавања дополнително ќе биде објавен.

 

Проф. Д-р Ирина Петровска

Известување –Erasmus + student mobility

06/02/2017 - 12:40

Почитуван студенти,

 

Повикот за програмата за моблиност Erasmus+ е во тек.

Сите заинетресирани  редовни студенти на ФТУ – Охрид  кои сакаат да остварат настава со кореспондентни  признати ЕКТС  студиски предмети и да  разменат меѓукултурно искуство  на Универзитетите во Европа да се јават кај Еразмус + Координаторот на ФТУ – Охрид, Проф. Д-р Ирина Петровска.

Пријавување (лично) со одбирање на соодветен Универзитет  и соодветна студиска програма

среда 8.02.2017

 

СООПШТЕНИЕ - Проф. Ракичевиќ - Менаџмент во услужен сектор - Прва година

03/02/2017 - 13:50

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ОД I-ВА ГОДИНА НА НАСОКА ЦАРИНА И ШПЕДИЦИЈА ДЕКА ПРЕДАВАЊАТА ПО ПРЕДМЕТОТ МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ КАЈ ПРОФ. Д-Р ГАБРИЕЛА РАКИЧЕВИЌ
ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ СЕКОЈ ВТОРНИК ВО 08 ЧАСОТ. 

 

 

Проф. д-р Габриела Ракичевиќ

Партнери