Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector that will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic and the different thematic areas of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding; and financial services.

Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Огласна табла

Испитна сесија за втор и трет циклус студии Февруари 2016

20/01/2016 - 12:32

Пријавување на испитите ќе се врши во службата за студентски прашања од 25.01.2016 до 29.01.2016

Распоред на испити:

Испитите кај Проф. Јове Кекеновски и кај Проф. Трајче Дојчиноски

18/01/2016 - 15:31

Сите испити кај Проф. Јове Кекеновски се одложени од 20.01.2016 и истите ќе се одржат на ден 27.01.2016 во 11 часот.

Сите испити кај Проф. Трајче Дојчиноски се одложени од 21.01.2016 и истите ќе се одржат на ден 26.01.2016 во 12:30 часот.

Предавања и консултации по предметот Методологија на испитување на нутритивниот статус

18/01/2016 - 12:13

Предавањата и консултациите по предметот Методологија на испитување на нутритивниот статус од наставната програма на Магистерските студии по Гастрономија, исрана и диететика ќе се одржат на 28.01.2016 (четврток)  со почеток во 10ч. и на 29.01.206 година (петок) со почеток во 14ч.

Извршен избор на нов ректор на УКЛО

18/01/2016 - 11:41

На 133 седница на Универзитетскиот сенат,  одржана на 27.05.2015 година, со тајно гласање, проф. д-р Сашо Коруновски е избран за ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.
Проф. д-р Сашо Коруновски најави дејствување што ќе овозможи УКЛО да се постави на респектабилни позиции во рамките на образовниот систем во државата и пошироко, со следење на современите трендови, добро распределување на капацитетите на Универзитетот, во кои силно верува.

Со свечен час започна новата академска година на ФТУ

18/01/2016 - 11:41

Со одржување на првиот свечен час на Факултетот за туризам и угостителство започна новата академска 2015/ 2016 година. Според бројот на пријавени и запишани студенти, ФТУ годинава може да се пофали со уште поголем број млади кои се одлучиле своето високо образование да го стекнат токму на овој факултет. Во првиот и вториот уписен рок запишани се над 240 студенти, а на третиот се пријавени повеќе од 30 студенти.

Утврден кандидат за Декан на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид

18/01/2016 - 11:40

Наставно научните организациски единици до Наставно научниот совет при ФТУ како единствен кандидат за Декан го доставија името на Професор Д- р Цветко Андреески. Наставно научнкиот совет на факултетот на седницата одржана на 25.06.2015 година го прифати предлогот на кандидат за декан.

Испитите кај Проф. д-р Науме Мариноски – ОСНОВИ НА ТУРИЗАМ и ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

15/01/2016 - 16:27

Им се соопштува на студентите дека  испитите кај Проф. д-р Науме МариноскиОСНОВИ НА ТУРИЗАМ и ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА  се презакажуваат на ден 25.01.2016 - ПОНЕДЕЛНИК наместо на ден 21.01.2016.

 

Предметен професор:

Проф. Д-р Науме Мариноски

Испитите по предметите Микробиологија на храна и пијалоци, Методи за испитување на квалитет на храна и пијалоци и Сензорна анализа на храна

15/01/2016 - 16:23

Испитите по предметите

- Микробиологија на храна и пијалоци,

- Методи за испитување на квалитет на храна и пијалоци и 

- Сензорна анализа на храна

 

во јануарската испитна сесија ќе се одржат на 22.01.2016г. во 10 часот.

Испитна сесија Февруари 2016

15/01/2016 - 16:07

Пријавување на испитите ќе се врши во службата за студентски прашања од 25.01.2016 до 29.01.2016 година
 

Студентите да го почитуваат определениот рок за пријавување на испитите доколку задоцнат со пријавувањето треба да уплатат по 400 денари за секој испит

Распоред на испити

Испитите во Јануарска сесија 2016 кај Проф.д-р Мирјана Секуловска

14/01/2016 - 13:59

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ дека ИСПИТИТЕ во Јануарска сесија 2016 кај Проф.д-р Мирјана Секуловска МЕНАЏМЕНТ НА ИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ И ИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ на сите насоки се одлагаат, а ќе се одржат на 01.02.106 (Понеделник) во 12:00 часот.

Испитите кај проф. Д-р Лидија Симонческа

14/01/2016 - 13:59

Се известуваат студентите дека испитите кај проф. Д-р Лидија Симонческа, поради преклопување со други испити, се одложуваат за 01.02.2016 (понеделник) во 10 часот.

Испитна сесија Јануари 2016

13/01/2016 - 12:59

Пријавување на испитите ќе се врши во службата за студентски прашања од 11.01.2016 г. до 15.01.2016 година.

Студентите да го почитуваат определениот рок за пријавување на испитите доколку задоцнат со пријавувањето треба да уплатат по 400 денари за секој испит

Распоред на испити:

Партнери