Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector that will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic and the different thematic areas of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding; and financial services.

Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Огласна табла

Се известуваат студентите дека предавањата кај​ Проф.д-р Ивица Смиљковски се презакажуваат

08/02/2016 - 10:28

Се известуваат студентите дека предавањата кај Проф.д-р Ивица Смиљковски по предметот Фискален систем во вторник од 08.00 во 11.00 часот

Проф. д-р. Ивица Смиљковски

Се известуваат студентите кои во летниот семестар 2016 слушаат: ПСИХОЛОГИЈА ВО ТУРИЗМОТ И УГОСТИТЕЛСТВОТО И ДЕЛОВНА ПСИХОЛОГИЈА кај Проф.д-р Лилјана Баткоска

08/02/2016 - 10:25

Се известуваат студентите кои во летниот семестар 2016 слушаат: ПСИХОЛОГИЈА ВО ТУРИЗМОТ И УГОСТИТЕЛСТВОТО И ДЕЛОВНА ПСИХОЛОГИЈА кај Проф.д-р Лилјана Баткоска дека предавањата ќе се оджуваат секоја Среда од 11:00 часот во Амфитеатар, почнувајќи од 10.02.2016 (Среда).

 

Предметен професор:
Проф.д-р Лилјана Баткоска

Известување за Анимации во туризмот

08/02/2016 - 10:24

На 09.02.2016 година (понеделник), во 13:00 часот,  ќе се одржат воведни предавања по предметот Анимации во туризмот во кабинетот по Англиски јазик.

Предметен професор,

Проф.Др. Иванка Нестороска

Известување за Меѓународен туризам

08/02/2016 - 10:23

На 10.02.2016 година (среда), наместо во 14:00 часот, студентите задолжително да присуствуваат на предавањата кај проф.др.Јоана Херник, во 12:00 часот во амфитеатар за што ќе има евиденција за присуство.  

Од 17.02.2016 година (среда), часовите по предметот Меѓународен туризам ќе се одржуваат во среда од 09-12 часот во кабинетот по англиски јазик.

 

Предметен професор,

Проф.Др. Иванка Нестороска

Се известуваат студентите кои во летниот семестар 2016 слушаат предмети кај проф.д-р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ

03/02/2016 - 21:39

Се известуваат студентите кои во летниот семестар 2016 слушаат предмети кај проф.д-р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ дека првите предавања ќе се одржат во следниве термини:

* СОЦИЈАЛНА ПАТОЛОГИЈА, 11.02.2016 (Четврток) од 12:00 часот

* БЕЗБЕДНОСТ ВО ТУРИЗМОТ, 12.02.2016 (Петок) од 11:00 часот

* СОЦИОЛОГИЈА НА ИСХРАНА, 12.02.2016 (Петок), од 13:00 часот

На првите часови ќе бидат разгледани можности и за други термини за реализирање на наставата.

Предметен професор:

Проф.д-р Пере Аслимоски Охрид, 03.02.2016

Студентите кои ги положиле предметите Kултурно наследство, Заштита на културно наследство и Храна и култур

02/02/2016 - 16:47

Им се соопштува на студентите кои ги положиле предметите Kултурно наследство, Заштита на културно наследство и Храна и култура дека индексите треба да ги остават кај асистенот м-р михаел ристески за впишување на оценките, на ден 03.02.2016 – среда или 04.02.2016 - четврток. Најдоцна до понеделник – 08.02.2016 ќе бидат впишани и потпишани оценките во индексите.

Предметен наставник,
проф. Д-р сашо коруновски
 

"Greenwashing, or how companies should not create their image" - предавање

02/02/2016 - 16:44

"Greenwashing, or how companies should not create their image" - ПРЕДАВАЊЕ - Erasmus Exchange Visiting Professor Dr. Joanna Hernik Szczecin University, Poland  – СРЕДА, 10.02.2016 во 12.00 часот АМФИТЕАТАР

Испитите во Февруарска сесија 2016 кај Проф. Д-р Јован Стојаноски од втор циклус

01/02/2016 - 22:35

Се известуваат студентите од втор циклус на сите насоки дека испитите во Февруарска сесија 2016 кај Проф. Д-р Јован Стојаноски се презакажуваат на 08.02.2016 година (понеделник) во 12 часот.

Комисискиот испит по предметите Даночно работење и Фискален систем

01/02/2016 - 22:34

Комисискиот испит по предметите Даночно работење и Фискален систем ќе се одржи на ден 09.02.2016 год. во 12 часот

Од комисијата

 

Студентите кои избрале англиски јазик 4 во летниот семестар

01/02/2016 - 22:34

Студентите кои избрале англиски јазик 4 во летниот семестар треба да се јават кај Проф. Д-Р Ирина Петровска на ден 8.02.2016 понеделник во 10.00 ч.

Проф. Д-Р Ирина Петровска

Партнери