На 6.12.2018 во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, се одржа форум на тема: Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка

Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Награди добиени на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018

Во периодот 9-11 октомври 2018 година, на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018 учествуваа студенти од Факултетот за туризам и угостителство како натпреварувачи и како учесници на мастер класови од познати готвачи. Нашите студенти освоија две медалји и пехар. На ГАСТРОМАК 2018 учествуваа:

 

Проф. д-р Васо Цуцулески и студентите:

 

Ивица Андрески

Даниел Здравески

Катерина Наковска

Рубин Цветаноски

Александар Фармакоски

Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Посета - Универзитет Ополев Полска

На 08.05.2018 во посета на ФТУ беше делегација од Ун. во Ополе Полска. Беше остварена размена на искуства. Г-ѓа Халина Паалмер-Пистарк како Еразмус коордунатор размена искуства и можности со Проф. Д-р Ирина Петровска, Еразмус коордунатор за ФТУ  

Продеканот на ФТУ учествуваше на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија

Продеканот на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со двајца претставници од студентите учествува на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија. Продеканот одржа и предавање на тема Светска Царинска Организација пред студентите на академијата. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector. It will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding.

Огласна табла

Соопштение - Испити и Колоквиуми - Проф. Д-р Иванка Нестороска

16/11/2018 - 09:56

Испитите и колоквиумите кај Проф. д-р Иванка Нестороска се одложуваат од 19ти ноември за 23ти ноември (петок) со почеток во 10 часот.

СООПШТЕНИЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ПРВ КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТИТЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО - ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ - ОХРИД 2018

14/11/2018 - 15:05

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГИ СЛУШААТ ПРЕДМЕТИТЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО КАЈ ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ ДЕКА ПРВИОТ КОЛОКВИУМ Е ЗАКАЖАН НА ДЕН 21.11.2018 – СРЕДА ВО 10:00 ЧАСОТ

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ НА ПРВ КОЛОКВИУМ ПО ОСНОВИ НА ТУРИЗАМ КАЈ ПРОФ. НАУМЕ МАРИНОСКИ - ОХРИД 2018

14/11/2018 - 10:11

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТ ОСНОВИ НА ТУРИЗАМ КАЈ ПРОФ. НАУМЕ МАРИНОСКИ ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР НА УЧЕБНАТА 2018/19 ГОДИНА ДЕКА ПРВИОТ КОЛОКВИУМ Е ЗАКАЖАН НА ДЕН 20.11.2018 – ВТОРНИК СО ПОЧЕТОК ОД 10:00 ЧАСОТ

 

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Науме Мариноски​

Известување за термини за полагање први колоквиуми кај Проф.д-р Пере Аслимоски

12/11/2018 - 15:09

Се известуваат студентите кои во зимскиот семестар  2018/2019 слушаат предмети кај Проф.д-р Пере Аслимоски дека (I) колоквиуми ќе се одржат во следните термини:

  • СОЦИОЛОГИЈА - Вторник (20.11.2018) во 13:00 часот;
  • СОЦИЈАЛНА ПАТОЛОГИЈА - Среда (21.11.2018) во 11:00 часот;
  • СОЦИОЛОГИЈА НА ТУРИЗМОТ - ЧЕТВРТОК (22.11.2018) ВО 12:00 часот

 

 

Предметен професор:

ИЗВЕСТУВАЊЕ - Сметководство предавања

31/10/2018 - 14:33

Им се соопштува на студентите кои го слушаат предметот Сметководство дека предавањата ќе се одржуваат секој четврток со почеток од  11.00 часот.

 

Проф.Д-р Деса Косаркоска

Доц. Д-р Ирина Јолдеска

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРЕЗАКАЖУВАЊЕ НА ПРЕДАВАЊА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО - 24.10.2018 - ПРОФ. КОРУНОВСКИ

22/10/2018 - 14:43

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГИ СЛУШААТ ПРЕДМЕТИТЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО КАЈ ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ ДЕКА ПРЕДАВАЊАТА ЗАКАЖАНИ НА ДЕН 24.10.2018 – СРЕДА СЕ ПРЕЗАКАЖУВААТ НА 25.10.2018 - ЧЕТВРТОК СО ПОЧЕТОК ОД 08:30 ЧАСОТ

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски

Соопштение - Управувачко Сметководство

18/10/2018 - 16:27

Им се соопштува на студентите кои го избрале предметот Управувачко сметководство да се јават кај предметниот наставник на 19.10.2018 год. (петок) во 11.00 часот.

 

Доц. Д-р Ирина Јолдеска

                                                                               

 

                                                                             

 

СООПШТЕНИЕ - Настава по Француски јазик 2

17/10/2018 - 12:39

Се известуваат студентите кои ја следат наставата по предметот Француски јазик 2 дека истата  ќе започне во петок, 19.10.2018 г. во 12.30 часот.

Партнери