Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector that will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic and the different thematic areas of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding; and financial services.

Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Огласна табла

Прв колоквиум по Социјална патологија кај Проф.д-р Пере Аслимоски

15/04/2016 - 14:03

Им се соопштува на сите студенти кои во летниот семестар 2016 слушаат Социјална патологија кај Проф.д-р Пере Аслимоски дека (I) колоквиум ќе се одржи:
Четврток (28.04.2016) – 11:00 часот социјална патологија

Предметен професор:
Проф.д-р Пере Аслимоски

Приемни саати кај Проф. Д-р Габриела Ракичевиќ

12/04/2016 - 16:17

Се известуваат студентите дека приемните саати кај Проф. Д-р Габриела Ракичевиќ место во среда 13.04.2016 се одложуваат за во четврток (21.04.2016) од 12-14 часот. 
 

Распоред на испити за Втор циклус студии за испитната сесија во Април 2016

08/04/2016 - 16:17

Пријавување на испитите ќе се врши во службата за студентски прашања од 11.04.2016 до 15.04.2016

Студентите имаат право да ги полагаат испитите од непарен семестар со исклучок на студентите кои ги имаат запишано сите семестри (ги полагаат сите испити).

Распоред на испити

 

Сите студенти кои треба да го полагаат предметот англиски јазик (колоквиумски)

08/04/2016 - 16:10

Сите студенти кои треба да го полагаат предметот англиски јазик (колоквиумски) се замолуваат да се јават кај проф. Д-р Ирина Петровска во понеделник, 11.04.2016 од 10-14 ч. поради волонтерско ангажирање  на инренационална манифестација ( мај, Охрид). 

Активностите ќе се вреднуваат во состав на колоквиумското полагање.

Проф. Д-р Ирина Петровска 

KROMBERG & Schubert бара практиканти

07/04/2016 - 16:06

KROMBERG & Schubert е глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија, која ја сочинуваат четири деловни единици: Кабли, On-board мрежи, Пластична технологија и Мехатроника. Своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили (VW, BMW, AUDI, Mercedes, Škoda...) и вработува преку 23.000 луѓе ширум светот на повеќе од 25 различни локации.

Во соработка со Универзитет “Св. Климент Охридски” - Битола бараме Практиканти

Првиот колоквиум по предметот Осигурителни операции кај М-р Трајче Латиноски

07/04/2016 - 14:10

Првиот колоквиум по предметот Осигурителни операции кај М-р Трајче Латиноски ќе се одржат на ден 13.04.2016 год. (среда) со почеток од 10 и 30 часот.

Испитот кај Проф.д-р Деса Косаркоска

06/04/2016 - 13:05

Се известуваат студентите дека  испитот кај Проф.д-р Деса Косаркоска ќе се одржи на ден 13.04.2015 год. во 12.00 часот.

Проф. д-р. Деса Косаркоска

Сите испити кај проф. д-р Kатерина Aнгелевска-Најдеска се презакажуваат

06/04/2016 - 13:04

Сите испити кај проф. д-р Kатерина Aнгелевска-Најдеска се презакажуваат за на 12.04.2016 год. (вторник) во 12 часот
 

Партнери