Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Посета - Универзитет Ополев Полска

На 08.05.2018 во посета на ФТУ беше делегација од Ун. во Ополе Полска. Беше остварена размена на искуства. Г-ѓа Халина Паалмер-Пистарк како Еразмус коордунатор размена искуства и можности со Проф. Д-р Ирина Петровска, Еразмус коордунатор за ФТУ  

Продеканот на ФТУ учествуваше на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија

Продеканот на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со двајца претставници од студентите учествува на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија. Продеканот одржа и предавање на тема Светска Царинска Организација пред студентите на академијата. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector. It will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding.

Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Огласна табла

Соопштение - Проф.д-р Пере Аслимоски - Безбедност во туризмот 1 колоквиум

31/03/2017 - 15:36

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2016/2017  слушаат БЕЗБЕДНОСТ ВО ТУРИЗМОТ  кај ПРОФ.Д-Р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ дека (I) колоквиум ќе се одржи во следните термини:

  • 07.04.2017(Петок) во 10:00 часот
  • 21.04.2017 (Петок) во 10:00 часот

студентите по сопствен избор можат да се определат за ЕДЕН од термините.

 

ПРЕЗАКАЖУВАЊЕ НА ПРВИОТ КОЛОКВИУМ ПО ХРАНА И КУЛТУРА - ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ - ОХРИД

29/03/2017 - 15:34

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТ ХРАНА И КУЛТУРА ДЕКА ПРВИОТ КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ Е ЗАКАЖАН ЗА ДЕН –03.04.2017 - ПОНЕДЕЛНИК ВО 10:00 ЧАСОТНАМЕСТО ВО 11:00 ЧАСОТ.

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ ПРВ КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ ХРАНА И КУЛТУРА - ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ - ОХРИД

28/03/2017 - 16:24

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТ ХРАНА И КУЛТУРА ДЕКА ПРВИОТ КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ Е ЗАКАЖАН ЗА ДЕН – 03.04.2017 - ПОНЕДЕЛНИК ВО 11:00 ЧАСОТ.

 

Проф. Д-р Сашо Коруновски

Колоквиум - Англиски јазик  4

28/03/2017 - 10:12

Колоквиумот по предметот Англиски јазик  4 ќе се одржи на 5.04.2017 (среда) во 10.00 ч.

Проф. Д-р Ирина Петровска

Апсолвенти ФТУ

27/03/2017 - 10:38

Се известуваат сите апсолвенти дека сликањето за апсолвентското табло ќе се изврши во просториите на факултетот во салата за состаноци во деканатот.Секој студент ќе добие
4 (4.5х3.5) фотографии
12(6×9) фотографии
1(9×13) фотографии
2(13×18) фотографии
1 постер табло
Цената изнесува 750 денари плаќањето се врши на ден на сликањето
Распоред по смерој
Понеделник 27.03.2017 Туризам и ХРМ 10-15ч.
Вторник 28.03.2017 Царина и ГИД 10-15ч.
Среда 29.03.2017 МУС и Осигурување 10-15ч
Со почит Студентски Парламент

Известување - Е+ програма

24/03/2017 - 13:12

Почитувани колеги и студенти, 

На 29.03.2017 г. (среда) на Факултетот  за Туризам и угостителство ќе се одржи промотивна средба за Е+ програмата на УКЛО.
На  средбата, институционалниот координатор Проректор Др- Виолета Манеска ќе одржи промотивна презентација,  ќе бидат споделени искуства од страна на студенти корисници на Е+ програмата, и предвиден е дел за прашања и одговори.
Го очекуваме вашето присуство. 

Проф. Д-р Ирина Петровска
Еразмус+ координатор за ФТУ - Охрид

ИЗВЕСТУВАЊЕ АНГЛИСКИ ЈАЗИК 4 

23/03/2017 - 18:43

ПРЕДАВАЊАТА ПО ПРЕДМЕТОТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК 4 ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НА 27.03.2017 г. во 10.00 ч.

Проф. Д-р Ирина Петровска

Термини за полагање 1 колоквиуми кај Проф.д-р Лилјана Баткоска

17/03/2017 - 10:56

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 
2016/2017 СЛУШААТ ПРЕДМЕТИ КАЈ ПРОФ. Д-Р ЛИЛЈАНА БАТКОСКА
ДЕКА (I) КОЛОКВИУМИ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
 Психологија во туризмот, Психологија во угостителството и 
Психологија на исхрана во Среда (29.03.2017) во 10:00 
часот, Амфитеатар
 Криминалистичка психологија во Четврток (30.03.2017) во 
10:00 часот, Предавална (1).

 

Предметен професор:
Проф. д-р Лилјана Баткоска

ИЗВЕСТУВАЊЕ за студентите од прва година на насоката ГАСТРОНОМИЈА, ИСХРАНА, ДИЕТЕТИКА

02/03/2017 - 12:45

Се известуваат студентите од прва година на насоката ГАСТРОНОМИЈА, ИСХРАНА, ДИЕТЕТИКА дека првото предавање по предметот Француски јазик ќе се одржи во понеделник (06.03.2017) во 10h00.

 

Проф. д-р Милена Касапоска-Чадловска

milena.kasaposka@uklo.edu.mk

ИЗВЕСТУВАЊЕ за предавања по Англиски Јазик 4

28/02/2017 - 14:15

Предавањата по предметот Англиски јазик 4 ќе се одржуваат во среда  во 10.00 ч.

 

       Проф. Д-р Ирина Петровска

СООПШТЕНИЕ за II и III циклус

28/02/2017 - 11:01

Согласно Законот за високо образование член 119, став 4,  документите за претходното образование по завршената уписна постапка му се враќаат на студентот.

Студентите запишани на II и III циклус на студии во академската 2015/2016 и 2016/2017 година да се обратат во Службата за студентски прашања од 01.03.2017 година до 03.03.2017 година од 9 до 11 часот со цел да ги подигнат документите од претходно образование.

Партнери