Награди добиени на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018

Во периодот 9-11 октомври 2018 година, на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018 учествуваа студенти од Факултетот за туризам и угостителство како натпреварувачи и како учесници на мастер класови од познати готвачи. Нашите студенти освоија две медалји и пехар. На ГАСТРОМАК 2018 учествуваа:

 

Проф. д-р Васо Цуцулески и студентите:

 

Ивица Андрески

Даниел Здравески

Катерина Наковска

Рубин Цветаноски

Александар Фармакоски

Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Посета - Универзитет Ополев Полска

На 08.05.2018 во посета на ФТУ беше делегација од Ун. во Ополе Полска. Беше остварена размена на искуства. Г-ѓа Халина Паалмер-Пистарк како Еразмус коордунатор размена искуства и можности со Проф. Д-р Ирина Петровска, Еразмус коордунатор за ФТУ  

Продеканот на ФТУ учествуваше на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија

Продеканот на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со двајца претставници од студентите учествува на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија. Продеканот одржа и предавање на тема Светска Царинска Организација пред студентите на академијата. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector. It will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding.

Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

Огласна табла

Термини за полагање колоквиуми кај Проф.д-р Пере Аслимоски - Безбедност во туризмот

12/05/2017 - 17:06

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2016/2017  слушаат БЕЗБЕДНОСТ ВО ТУРИЗМОТ кај ПРОФ.Д-Р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ дека  ВТОРИОТ колоквиум ќе се одржи на 26.05.2017 (Петок) во 10:00 часот.

 

Предметен професор:                        
Проф.д- р Пере Аслимоски

Термини за полагање колоквиуми кај Проф.д-р Пере Аслимоски - Социјална патологија и Социологија на исхрана

12/05/2017 - 17:05

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2016/2017  слушаат СОЦИЈАЛНА ПАТОЛОГИЈА И СОЦИОЛОГИЈА НА ИСХРАНА кај ПРОФ.Д-Р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ дека  поправниот колоквиум за двата предмети ќе се одржи во следните термини:
•    16.05.2017(Вторник) во 11:00 часот
•    19.05.2017 (Петок) во 11:00 часот
студентите по сопствен избор можат да се определат за ЕДЕН од термините.

 

Предметен професор:                        
Проф.д- р Пере Аслимоски

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ ВТОР КОЛОКВИУМ - ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА - ПРОФ. НАУМЕ МАРИНОСКИ - ОХРИД

12/05/2017 - 17:00

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА ДЕКА ВТОРИОТ КОЛОКВИУМ СЕ ЗАКАЖУВА НА ДЕН 25.05.2017 – ЧЕТВРТОК ВО 10:00 ЧАСОТ.

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Науме Мариноски

Успешен настап на студентот, Томе Барбутов на Светскиот форум за туризам во Луцерн, Швајцарија

12/05/2017 - 00:42

На петтиот Светски форум за туризам (WTFL 2017) под покровителство на Светската туристичка организација што се одржа од 2-5 мај 2017 година во Луцерн, Швајцарија, Томе Барбутов кој е студент на 3 година Туризам при Факултетот за туризам и угостителство, Охрид, успешно го одбрани својот истражувачки труд Promotion of safety and security for sustainable tourism development in Republic of Macedonia, со што влезе во деветте финалисти на Млади таленти на Форумот, со најдобри научноистражувачки трудови за 2017 година.

Апсолвентска Вечер

11/05/2017 - 17:42

Соопштение.
Апсолвентската вечер ќе се одржи на 17.05 среда во хотел Амбасадор.Цена на карта 1200 во која следува:
Ладно предјадење
Руска салата,кашкавал,печеница,кулен,чадено пилешко филе,свински врат,чајна
Топло предјадење
Похован кашкавал,тартар сос
Главно јадење
Телешко печење во сос од печурки,Пилешко филе Ала Амбасадор,гарнир мешан
Салата мешана
Десерт
Чоколаден ролат

Соопштение за втори колоквиуми по предметите кај Проф. д-р. Иванка Нестороска

09/05/2017 - 13:54

Вторите колоквиуми по предметите Меѓународен туризам и Анимации во туризмот ќе се одржат на ден 15 мај, понеделник со почеток во 10 часот

 

Вториот колоквиум по предметот Менаџмент на настани ќе се одржи​на ден 19ти мај, петок со почеток во 10 часот.

 

Со почит,

 

Предметен наставник:

 

Проф. д-р Иванка Нестороска

Крводарителска акција во ФТУ, 09.05.2017

09/05/2017 - 13:18

Давајќи малку, помагате многу.

Вашата помош оди во вистински раце.

Многумина благодарни.

НАДВОРЕШНА ЕВАЛУАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ

09/05/2017 - 11:07

На 10 и 11 мај 2017 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе престојува експертски тим од Институционалната евалуациона програма при Европската асоцијација на универзитети со цел спроведување надворешна евалуација на Универзитетот.

Посетата на експертскиот тим е единствена можност за добивање надворешна, објективна оценка за работењето на Универзитетот од една престижна, независна Европска организација. Истовремено, надворешната евалуација е во функција на континуираниот развој на УКЛО, а пред се, на системот за обезбедување и унапредување на квалитетот.

Партнери