Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Успешен настап на студентот, Томе Барбутов на Светскиот форум за туризам во Луцерн, Швајцарија

На петтиот Светски форум за туризам (WTFL 2017) под покровителство на Светската туристичка организација што се одржа од 2-5 мај 2017 година во Луцерн, Швајцарија, Томе Барбутов кој е студент на 3 година Туризам при Факултетот за туризам и угостителство, Охрид, успешно го одбрани својот истражувачки труд Promotion of safety and security for sustainable tourism development in Republic of Macedonia, со што влезе во деветте финалисти на Млади таленти на Форумот, со најдобри научноистражувачки трудови за 2017 година.

Огласна табла

Соопштение - Ресторански Менаџмент

27/10/2017 - 13:29

Првиот колоквиум по предметот Ресторански Менаџмент ќе се одржи на ден 09.10.2017 во 10:00 часот.

 

Проф. Д-р Симона Мартиноска

Термини за први колоквиуми кај Проф.д-р Пере Аслимоски

21/10/2017 - 19:05

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИTE  кои во зимскиот семестар 2017/2018  слушаат предмети кај Проф.д-р Пере Аслимоски дека (I) колоквиуми ќе се одржат во следните термини:

 

  • СОЦИОЛОГИЈА НА ТУРИЗМОТ во Четврток (16/11/2017) во 09:00 часот;
  • СОЦИОЛОГИЈА во Петок (17/11/2017) во 09:00 часот

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ - предавања Енологија

13/10/2017 - 15:18

Предавањата по предметот Енологија ќе се одржат на ден 19.10.2017 (четврток) со почеток во 12:00 часот. 

Со почит,

Предметен наставник

Проф. д-р. Ангела Василеска

СООПШТЕНИЕ - Економика на ЕУ - Проф. д-р Вера Караџова

12/10/2017 - 13:02

Се известуваат студентите од III година кои го избрале предметот Економика на ЕУ дека предавањата ќе се одржуваат во вторник, со почеток во 12:00 часот.

 

Предметен наставник,

проф. д-р Вера Караџова

СООПШТЕНИЕ - Инвестиционен менаџмент - проф. д-р Вера Караџова

12/10/2017 - 12:26

Се известуваат студентите од IV година кои го избрале предметот Инвестиционен менаџмент дека предавањата ќе се одржуваат во среда, со почеток во 11:00 часот.

 

Предметен наставник,

проф. д-р Вера Караџова

 

External evaluation of UKLO

12/10/2017 - 11:59

The second visit of the team of experts form the Institutional evaluation program of the European University Association, within the frameworks of the process of conducting an external evaluation of the University is going to be realized in the period October 17 - 19, 2017.  

Надворешна евалуација на Универзитетот

12/10/2017 - 11:58

На 17, 18 и 19 октомври 2017 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе се реализира втората посета на експертскиот тим од Институционалната евалуациона програма при Европската асоцијација на универзитети во рамките на процесот на спроведување надворешна евалуација на Универзитетот.

СООПШТЕНИЕ - Проф. Д-р Братислав Милошевиќ

06/10/2017 - 11:16

Се известуваат студентите кои ги избрале предметите:

 

  • РЕОСИГУРУВАЊЕ часовите ќе се изведуваат во СРЕДА од 11 часот во Предавална 4.
  • ОСИГУРУВАЊЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО часовите ќе се изведуваат во ПОНЕДЕЛНИК од 9 часот во Предавална 4.
  •  ОСИГУРУВАЊЕ ВО ТУРИЗМОТ И УГОСТИТЕЛСТВОТО часовите ќе се изведуваат во ПЕТОК од 11 часот во Предавална 4.

 

Проф. Д-р Братислав Милошевиќ

Соопштение - БФК прва година

05/10/2017 - 10:44

СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА БФК ВО АКАДЕМСКАТА 2017/2018 ГОДИНА ЌЕ ИМААТ ПРЕДАВАЊА ПО ПРЕДМЕТОТ ВОВЕД ВО КРИМИНАЛИСТИКА И КРИМИНАЛИСТИЧКА ТАКТИКА ОД ВТОР СЕМЕСТАР КАЈ ПРОФ. Д-Р ЗЛАТЕ ДИМОВСКИ СЕКОЈ ЧЕТВРТОК ОД 11 ЧАСОТ.

СООПШТЕНИЕ - ЕКТС образец

05/10/2017 - 10:43

Студентите запишани во академската 2017/2018 година на сите студиски програми во прва и четврта година може да подигнат ЕКТС образец во скриптарата на Факултетот за да запишат изборни предмети. Обрасците треба да се потпишани од раководителите на студиската програма на која се запишани и да ги достават во службата за студентски прашања.

СООПШТЕНИЕ - Проф. Деса косаркоска

03/10/2017 - 12:28

Им се соопштува на студентите од сите насоки дека предавањата кај Проф. д-р Деса Косаркоска ќе се одржуваат секоја среда од 10.00 часот.

 

Проф.д-р Деса Косаркоска

Партнери