Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector that will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic and the different thematic areas of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding; and financial services.

Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Огласна табла

ИЗВЕСТУВАЊЕ за АНГЛИСКИ ЈАЗИК 1, АНГЛИСКИ ЈАЗИК 2 и АНГЛИСКИ ЈАЗИК 3

31/10/2016 - 12:50

АНГЛИСКИ ЈАЗИК 1, АНГЛИСКИ ЈАЗИК 2 и АНГЛИСКИ ЈАЗИК 3

КОЛОКВИУМ 1 ќе се одржи на 9.11.2016 во 11.00 часот, во амфитеатар

 

Проф. Д-р Ирина Петровска

Известување за термини за прв колоквиум кај Проф. Д-р Лилјана Баткоска

28/10/2016 - 21:14

Прв колквиум, зимски семестар, учебна 2016/17 година.

Професор: Проф. Д-р Лилјана Баткоска

Предмет: Деловна Психологија

Термин :  10. 11. 2016 година, во 09 часот

 

Предмет: Деловно Комуницирање

Термин :  08. 11. 2016 година, во 10 часот

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

27/10/2016 - 11:36

ПРЕДАВАЊАТА ПО ПРЕДМЕТОТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЌЕ  СЕ ОДРЖАТ ВО ПОНЕДЕЛНИК, 31.10.2016 ВО 13.00

НАСОКИ                              ЦИШ МУС 1 СЕ.                ИЗБОРЕН 5 СЕМ.                                                                                                           

 

ПРОФ. Д-Р ИРИНА ПЕТРОВСКА

СООПШТЕНИЕ за колоквиум по Германски кај Проф. Д-р Елена Цицковска

26/10/2016 - 13:02

Колоквиумот ќе се одржи во Среда, 02.11.2016 во 08:15 часот.

Програма за стипендии на Германското стопанство за 2017 година

20/10/2016 - 22:19

Германската стопанска комора во Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2017 година во својство на локален партнер на Одборот на германското стопанство за источните земји, кој е раководител на програмата во Германија. Целта на оваа програма е да обезбеди специјализација за квалификувани кандидати од Македонија во најуспешните германски компании, во пероид од 3 до 6 месеци. Оваа програма е подржана од Сојузната Влада на Република Германија и трошоците се покриени од Германската влада. 

СООПШТЕНИЕ за предметот Економика на ЕУ

12/10/2016 - 15:47

Се известуваат студентите од V (петти) семестар кои го имаат избрано предметот Економика на ЕУ дека предавања ќе се одржат на 13.10.2016 година (четврток) со почеток во 11:00 часот.

 

предметен наставник,

проф. д-р Вера Караџова

СООПШТЕНИЕ за предметот Инвестиционен менаџмент

12/10/2016 - 15:46

Се известуваат студентите од VII (седми) семестар кои го имаат избрано предметот Инвестиционен менаџмент дека предавања ќе се одржат на 18.10.2016 година (вторник) со почеток во 11:00 часот.

 

предметен наставник,

проф. д-р Вера Караџова

 

СОПШТЕНИЕ  ЗА ПРЕДМЕТОТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК ИЗБОРЕН

07/10/2016 - 13:40

СОПШТЕНИЕ  ЗА ПРЕДМЕТОТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК ИЗБОРЕН ПЕТТИ СЕМЕСТАР

Се известуваат студентите кои  го избрале предметот АНГЛИСКИ ЈАЗИК  дека предавањата ќе се одржуваат во среда од 11.00  часот.

 

СОПШТЕНИЕ  ЗА ПРЕДМЕТОТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК ИЗБОРЕН СЕДМИ  СЕМЕСТАР

Се известуваат студентите кои  го избрале предметот АНГЛИСКИ ЈАЗИК  да се  јават за консултации во среда, 12.10 2016 во 11.00 ч. во кабинетот кај Проф. Д-р Ирина Петровска. 

 

СООПШТЕНИЕ за предавањето по предметот Вовед во осигурување

06/10/2016 - 12:50

Предавањето по предметот Вовед во осигурување ке се одржи на ден 8.10.2016 год. (сабота) во 10 часот.

Партнери