Награди добиени на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018

Во периодот 9-11 октомври 2018 година, на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018 учествуваа студенти од Факултетот за туризам и угостителство како натпреварувачи и како учесници на мастер класови од познати готвачи. Нашите студенти освоија две медалји и пехар. На ГАСТРОМАК 2018 учествуваа:

 

Проф. д-р Васо Цуцулески и студентите:

 

Ивица Андрески

Даниел Здравески

Катерина Наковска

Рубин Цветаноски

Александар Фармакоски

Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Посета - Универзитет Ополев Полска

На 08.05.2018 во посета на ФТУ беше делегација од Ун. во Ополе Полска. Беше остварена размена на искуства. Г-ѓа Халина Паалмер-Пистарк како Еразмус коордунатор размена искуства и можности со Проф. Д-р Ирина Петровска, Еразмус коордунатор за ФТУ  

Продеканот на ФТУ учествуваше на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија

Продеканот на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со двајца претставници од студентите учествува на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија. Продеканот одржа и предавање на тема Светска Царинска Организација пред студентите на академијата. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector. It will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding.

Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

Огласна табла

СООПШТЕНИЕ - проф д-р Јован Стојаноски - понеделник неработен ден за припадниците од муслиманска вероисповед

23/08/2017 - 15:23

Понеделник 01.09.2017 година е неработен ден за припадниците од муслиманска вероисповед. Испитите кај проф д-р Јован Стојаноски за студентите од муслуиманска вероисповед се одложени , истите ќе се одржат на 04.09.2017 година во 10 часот.

СООПШТЕНИЕ проф д-р Данијела Милошоска

23/08/2017 - 15:22

Испитите кај проф д-р Данијела Милошоска се одложени од 01.09.2017 година и истите ќе се одржат на 04,09,2017 година во 10 часот.

При запишувањето во прва година на прв циклус судии, примените кандидати поднесуваат

23/08/2017 - 15:04

       1. Индекс и студентска легитимација

       2. Tри фотографии (2 – 3,5х4,5см. и 1 - 2х3см.)

       3. Пријавни листови

       4. Потврда за уплатени средства за партиципација или за кофинансирање на жиро сметката на соодветната единица на Универзитетот.

  • државна квота 6150 денари
  • кофинансирање 12300 денари
  • кандидати од самохран родител 3075 денари

       5. Уплата на рата за учебници

СООПШТЕНИЕ за испити кај Проф. Д-р Ивица Смилковски

23/08/2017 - 14:06

Испитите кај Проф. Д-р Ивица Смилковски закажани на ден 29.08.2017 (вторник) во 10 часот, се одложуваат за во 12 часот истиот ден.

Безбедност и финансиска контрола

23/08/2017 - 13:58

Специфични дескриптори на класификацијата со кои се одредуваат резултатите од учењето на оваа студиска програма:

 

Знаења и разбирање:

Уписи на ЧЕТВРТА година на насоките ГИД и ХРМ на новите акредитирани програми

14/08/2017 - 12:55

Студентите кои имаат дипломирано на насоките ГИД и Хотелско ресторанска со 180 кредити може да запишат четврта година во академската 2017/2018 година на новите акредитирани програми и да се стекнат со 240 кредити.

Резултати од писмениот испит по предметот Актуарство одржан на 20.06.2017 - Велес

03/07/2017 - 14:02

Во прилог се резултатите од писмениот испит по предметот Актуарство одржан на  20.06.2017 - Велес.

Конкурс за запишување на студенти на прв циклус студии во академската 2017/2018

03/07/2017 - 13:19

Конкурсот за запишување на студенти на прв циклус студии во академската 2017/2018 на УКЛО можете да го погледнете ТУКА.

Партнери