Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector that will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic and the different thematic areas of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding; and financial services.

Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Огласна табла

ПРЕЗАКАЖУВАЊЕ на Методологија на истражување на квалитетот во туризам и угостителство - Трет Циклус

22/11/2016 - 14:36

Предметот Методологија на истражување на квалитетот во туризам и угостителство кај Проф. Д-р Симона Мартиноска и Проф. Д-р Габриела Ракичевиќ на трет циклус се презакажува за ден 01.12.2016 (четврток во 10:30 часот)

СООПШТЕНИЕ за закажување на предавања по Заштита на културно наследство кај Проф. Д-р Сашо Коруновски

21/11/2016 - 18:08

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТ ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ДЕКА ПРЕДАВАЊАТА СЕ ЗАКАЖУВААТ ЗА ДЕН 23.11.2016 – СРЕДА ВО 11:00 ЧАСОТ. 

                                            

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски

СООПШТЕНИЕ - ЦИШ - VII (седми) семестар

16/11/2016 - 15:25

Се известуваат студентите на насока ЦАРИНА И ШПЕДИЦИЈА кои во учебната 2016/2017 година имаат запишано VII (седми) семестар, дека на 23.11.2016 година (среда) во 15:30 часот ќе се одржи консултативна настава (претставник од практиката) и распоредување за обавување на задолжителната пракса.

 

16.11.2016                                                             

Раководител на ННОЕ

Царина и шпедиција

Презентација за "Програми за Образовна Размена"

16/11/2016 - 12:40

Денес во нашите простории беше одржана презентација за "Програми за Образовна Размена" што ги нуди Американската Амбасада во Македонија. Гости ни беа: г. Газменд Илази, Асистент за Образовни Програми при Амбасадата, г-ца Катерине Баст и Др. Пол Коку, корисници на престижната стипендија Fulbright и претставници од Американското Катче Струга.

 

 

 

Партнери