Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector that will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic and the different thematic areas of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding; and financial services.

Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Огласна табла

Oдложување на испит Вовед во осигурување и финансиски менаџмент

23/01/2017 - 19:01

Испитите по предметот Вовед во осигурување и Финансиски менаџмет закажани на ден 01.02.2017 год.  се одложуваат на ден 03.02.2017 година (петок) во 10 часот

соопштение Криминалитет и детекција и Царинско казнено право

23/01/2017 - 12:33

ПО БАРАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ЗАРАДИ ПОКЛОПУВАЊЕ НА ТЕРМИНИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ, ИСПИТИТЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ КРИМИНАЛИТЕТ И ДЕТЕКЦИЈА И ЦАРИНСКО КАЗНЕНО ПРАВО СЕ ПРЕЗАКАЖУВААТ ЗА ДЕН 24.01.2017 ГОДИНА ВО 1100 ЧАСОТ!

 

КОМИСИСКИ

СООПШТЕНИЕ за ЗАКАЖУВАЊЕ НА Практична настава по Осиурителни операции кај Проф. Д-р Братислав Милошевиќ

20/01/2017 - 12:55

Практичната настава по предметот Осиурителни операции кај Проф. Д-р Братислав Милошевиќ ќе се одржи на ден 31.01.2017 (Вторник) во 10 часот, предавална бр. 4.

 

Охрид

20.01.2017 година

СООПШТЕНИЕ - Реосигурување, Осигурување во туризмот и угостителство и Осигурување во земјоделството - Увид во писмените и давање оценки

20/01/2017 - 11:16

Се известуваат студентите од Охрид, којшто на 18.01.2017 година беа на испит по предметите: Реосигурување, Осигурување во туризмот и угостителство и Осигурување во земјоделството дека увидот во писмените и давање оценки е закажан на ден 25.01.2017 година (Среда) во 11 часот, Предавална бр. 4.

 

Предметен наставник,

Проф. Д-р Братислав Милошевиќ

СООПШТЕНИЕ за КРИМИНАЛИТЕТ И ДЕТЕКЦИЈА И ЦАРИНСКО КАЗНЕНО ПРАВО СЕ ПРЕЗАКАЖУВААТ ЗА ДЕН 24.01.2017

20/01/2017 - 10:56

ПО БАРАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ЗАРАДИ ПОКЛОПУВАЊЕ НА ТЕРМИНИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ, ИСПИТИТЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ КРИМИНАЛИТЕТ И ДЕТЕКЦИЈА И ЦАРИНСКО КАЗНЕНО ПРАВО СЕ ПРЕЗАКАЖУВААТ ЗА ДЕН 24.01.2017 ГОДИНА ВО 11:00 ЧАСОТ!

 

КОМИСИСКИ

СООПШТЕНИЕ Проф. Др Јован Стојаноски - Одложување на испит

18/01/2017 - 13:01

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГИ ПОЛАГААТ ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р ЈОВАН СТОЈАНОСКИ ДЕКА ИСПИТИТИТЕ ЗАКАЖАНИ ЗА ДЕН 31.01.2017 СЕ ПРЕЗАКАЖУВААТ ЗА 02.02.2017 ГОДИНА ВО 12 ЧАСОТ.

Конечни резултати од колоквиумите по предметот Информациски технологии

17/01/2017 - 12:31

Резултатите може да ги преземете од линкот. 

Партнери