Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector that will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic and the different thematic areas of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding; and financial services.

Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Огласна табла

Соопштение за први предавања во летен семестар 2016/2017 кај Проф.д-р Лилјана Баткоска

01/02/2017 - 13:01

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2016/2017

СЛУШААТ ПРЕДАВАЊА КАЈ ПРОФ. Д-Р ЛИЛЈАНА БАТКОСКА ДЕКА ПРВИТЕ

ПРЕДАВАЊА ЌЕ ЗАПОЧНАТ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

- ПСИХОЛОГИЈА ВО ТУРИЗМОТ И УГОСТИТЕЛСТВОТО – Среда (08.02.2017) во 10:00 часот, Амфитеатар

- ДЕЛОВНА ПСИХОЛОГИЈА - Среда (08.02.2017) во 10:00 часот, Амфитеатар

 

Предметен професор:

Проф. д-р Лилјана Баткоска

Термин за први преедавања по предметот Безбедност во туризмот кај Проф.д-р Пере Аслимоски

31/01/2017 - 13:42

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2016/2017  ГО ИМААТ ИЗБРАНО ПРЕДМЕТОТ БЕЗБЕДНОСТ ВО ТУРИЗМОТ КАЈ ПРОФ.Д-Р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ дека првите предавања по предметот ќе се одржат во Петок (10.02.2017) во 11:00 часот.

 

Охрид,31.01.2017                                                             

Предметен професор:                                                                                                           

Проф.д- р Пере Аслимоски

ВТОРО  ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТУРИСТИЧКА ПРАКСА 4 ГОДИНА ТУРИЗАМ - ОХРИД

31/01/2017 - 13:30

Сите редовни и вонредни студенти од 4 година туризам кои не се јавија за  евиденција и распределба на задачи на 11.01.2017 во 11:00 часот кај Раководителот на студиската програма ТУРИЗАМ проф.др.Иванка Нестороска не можат да евидентираат практична работа во закажаниот термин на 03.02.2017. Истите треба да се јават за евиденција на оваа обврска на 13.02.2017 во 11 часот кај проф.др.Иванка Нестороска.

Студентите кои уредно се пријавија кај Проф.др.Иванка Нестороска и добија практични задачи можат да ја евидентираат практичната работа на 13.02.2017 во 10 часот.

 

 

КПП-БФК-ОХ: термин за Анализа на случај (03.02.2017; 11:00h)

31/01/2017 - 13:26

Се известуваат студентите на студискaта програма „Безбедност и финансиска контрола“ - Охрид кои запишале повторување на предметна програма Кривично процесно право дека Aнализата на случај ќе се одржи на 03.02.2017 (петок) во 11:00 часот.

Оваа самостојна (домашна) работа т.е. Aнализата на случај НЕ Е задолжителна активност.Бодовите кои ќе ги освојат студентите преку Анализата на случај ќе бидат земени во предвид за априлската испитна сесија.

 

Наставник
Проф. д-р Катерина Крстевска

ИЗВЕСТУВАЊЕ за Дополнителното полагање на испити кај проф.д-р Јованка Билјан

30/01/2017 - 21:05

Дополнителното полагање на испити кај проф.д-р Јованка Билјан, ќе се одржи на ден 06.02.2017 (понеделник) во 10ч.

 

Предметен наставник

Проф.д-р Јованка Билјан

ИЗВЕСТУВАЊЕ за презакажување на испит на III циклус по Маркетинг методологија во туризмот

30/01/2017 - 21:03

Се известуваат студентите на III циклус на студии дека испитот по предметот Маркетинг методологија во туризмот се презаказува на ден 02.02.2017 во 12 часот.

СООПШТЕНИЕ за испити на II циклус на студии кај Проф. Д-р Јован Стојаноски

26/01/2017 - 14:39

Се известуваат студентите кои полагаат испити на II циклус на студии кај Проф. Д-р Јован Стојаноски дека испитите се презакажуваат на 02.02.2017 година во 12 часот.

Партнери