Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector that will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic and the different thematic areas of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding; and financial services.

Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Огласна табла

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДАВАЊА ПО ПРЕДМЕТОТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК 4

21/02/2017 - 10:19

СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ГО ИЗБРАЛЕ ПРЕДМЕТОТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК 4 ВО ОСМИ СЕМЕСТАР ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ЈАВАТ КАЈ ПРОФ.

Д-Р ИРИНА ПЕТРОВСКА 

СРЕДА, 22.02.2017 г. ВО 11.00 ч. во предавална бр.5

ИЗВЕСТУВАЊЕ за Erasmus+ визитинг Професори

20/02/2017 - 10:46

Во рамките на Erasmus + програмата за високо образование, во периодот од 20.02.2017 год до  24.02.2017 год. На ФТУ ќе престојуваат и ќе одржат предавања проф. Д-р Армела Панајоти  и Проф. Д-р Дорјана Клоси  од Универзитетот  во Валона, Република Албанија. Предавањата ќе  ги опфатат  следните теми:

-Tourist discourse

-TV Commercials and their impact on tourism

-Cultural Values and their impact on tourism

-Hospitality as a national asset

- Food as an essential factor for the development of tourism

-Beverage

СООПШТЕНИЕ Термини за предавања кај Проф.д-р Пере Аслимоски во летен семестар 2016/2017

17/02/2017 - 12:54

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2016/2017 СЛУШААТ ПРЕДМЕТИ КАЈ ПРОФ.Д-Р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ дека предавањата ќе се оджуваат во следните термини:

  • Првите предавања по Социологија на  исхрана ќе се одржат на 23.02.2017 ( четврток) во 13:00 часот
  • Социјална патологија  секој Четврток со почеток во 10:00 часот

 

Предметен професор:

Проф.д- р Пере Аслимоски

СООПШТЕНИЕ - Анимации во туризмот кај Проф.д-р. Иванка Нестороска

16/02/2017 - 10:54

Предавањата по предметот Анимации во туризмот кај Проф.д-р. Иванка Нестороска ќе се одржуваат во среда со почеток во 9 часот во предавалната по англиски јазик.

Со почит,

Проф.д-р. Иванка Нестороска

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕДАВАЊА - ХРАНА И КУЛТУРА - ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2017 - ОХРИД

15/02/2017 - 15:51

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТ ХРАНА И КУЛТУРА ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2016/17 ДЕКА ПРЕДАВАЊАТА ПО ПРЕДМЕТОТ СЕ ЗАКАЖУВААТ ВО СЕКОЈА СРЕДА СО ПОЧЕТОК ОД 09:30 ЧАСОТ.

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски

 

Соопштение Анимации во туризмот и Меѓународен туризам

15/02/2017 - 15:50

Часовите по предметот Анимации во туризмот кај Проф. д-р. Иванка Нестороска на насоките хотелско-ресторанска III година (задолжителен) и туризам III година (изборен) ќе се одржуваат секој вторник со почеток во 9 часот во предавалната по англиски јазик

Часовите по предметот Меѓународен туризам кај Проф. д-р. Иванка Нестороска) ќе се одржуваат секоја среда со почеток во 12 часот во предавалната по англиски јазик.

 

Со почит,

Проф. д-р. Иванка Нестороска

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВИ ПРЕДАВАЊА - ХРАНА И КУЛТУРА кај Проф. Сашо Коруновски - ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2017 - ОХРИД

13/02/2017 - 18:40

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТ ХРАНА И КУЛТУРА ДЕКА ПРВОТО ПРЕДАВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТОТ  ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 15.02.2017 – СРЕДА ВО 08:30 ЧАСОТ.

Резултати од испитот Современи технологии и медиуми за промоција - Јануари 2017

13/02/2017 - 15:08

На следниот линк се дадени резултатите од испитот по предметот Современи технологии и медиуми за промоција - Јануари 2017.

Резултати од испитот по предметот Актуарство - Јануари 2017

13/02/2017 - 15:06

На следниот линк се дадени резултатите од испитот Актуарство - Јануари 2017.

СООПШТЕНИЕ - Царинска тарифа

10/02/2017 - 10:12

ПРЕДАВАЊАТА ПО ПРЕДМЕТОТ ЦАРИНСКА ТАРИФА  КАЈ

ПРОФ. Д-Р ДАНИЈЕЛА МИЛОШОСКА ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ ВО СРЕДА ВО 11 ЧАСОТ.

 

Проф. д-р Данијела Милошоска

Партнери