Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector that will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic and the different thematic areas of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding; and financial services.

Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Огласна табла

Известување - Е+ програма

24/03/2017 - 13:12

Почитувани колеги и студенти, 

На 29.03.2017 г. (среда) на Факултетот  за Туризам и угостителство ќе се одржи промотивна средба за Е+ програмата на УКЛО.
На  средбата, институционалниот координатор Проректор Др- Виолета Манеска ќе одржи промотивна презентација,  ќе бидат споделени искуства од страна на студенти корисници на Е+ програмата, и предвиден е дел за прашања и одговори.
Го очекуваме вашето присуство. 

Проф. Д-р Ирина Петровска
Еразмус+ координатор за ФТУ - Охрид

ИЗВЕСТУВАЊЕ АНГЛИСКИ ЈАЗИК 4 

23/03/2017 - 18:43

ПРЕДАВАЊАТА ПО ПРЕДМЕТОТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК 4 ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НА 27.03.2017 г. во 10.00 ч.

Проф. Д-р Ирина Петровска

Термини за полагање 1 колоквиуми кај Проф.д-р Лилјана Баткоска

17/03/2017 - 10:56

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 
2016/2017 СЛУШААТ ПРЕДМЕТИ КАЈ ПРОФ. Д-Р ЛИЛЈАНА БАТКОСКА
ДЕКА (I) КОЛОКВИУМИ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
 Психологија во туризмот, Психологија во угостителството и 
Психологија на исхрана во Среда (29.03.2017) во 10:00 
часот, Амфитеатар
 Криминалистичка психологија во Четврток (30.03.2017) во 
10:00 часот, Предавална (1).

 

Предметен професор:
Проф. д-р Лилјана Баткоска

ИЗВЕСТУВАЊЕ за студентите од прва година на насоката ГАСТРОНОМИЈА, ИСХРАНА, ДИЕТЕТИКА

02/03/2017 - 12:45

Се известуваат студентите од прва година на насоката ГАСТРОНОМИЈА, ИСХРАНА, ДИЕТЕТИКА дека првото предавање по предметот Француски јазик ќе се одржи во понеделник (06.03.2017) во 10h00.

 

Проф. д-р Милена Касапоска-Чадловска

milena.kasaposka@uklo.edu.mk

ИЗВЕСТУВАЊЕ за предавања по Англиски Јазик 4

28/02/2017 - 14:15

Предавањата по предметот Англиски јазик 4 ќе се одржуваат во среда  во 10.00 ч.

 

       Проф. Д-р Ирина Петровска

СООПШТЕНИЕ за II и III циклус

28/02/2017 - 11:01

Согласно Законот за високо образование член 119, став 4,  документите за претходното образование по завршената уписна постапка му се враќаат на студентот.

Студентите запишани на II и III циклус на студии во академската 2015/2016 и 2016/2017 година да се обратат во Службата за студентски прашања од 01.03.2017 година до 03.03.2017 година од 9 до 11 часот со цел да ги подигнат документите од претходно образование.

СООПШТЕНИЕ за СТУДЕНТИТЕ ОД I (ПРВА) ГОДИНА

23/02/2017 - 14:29

СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ЧЛЕН 119, СТАВ 4,  Документите за претходното образование по завршената уписна постапка му се враќаат на студентот.

СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО АКАДЕМСКАТА 2016/2017 ГОДИНА ДА СЕ ОБРАТАТ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА ОД 27.02.2017 ГОДИНА ДО 03.03.2017 ГОДИНА ОД 9 ДО 11 ЧАСОТ СО ЦЕЛ ДА ГИ ПОДИГНАТ ДОКУМЕНТИТЕ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ.

Erasmus+ Uni Valona

23/02/2017 - 10:51

Во рамките на Erasmus + програмата за високо образование, во периодот од 20.02.2017 год до  24.02.2017 год. На ФТУ престојуваа и одржаа предавања проф. Д-р Армела Панајоти  и Проф. Д-р Дорјана Клоси  од Универзитетот  во Валона, Република Албанија. Предавањата  ги опфатија  следните теми:

-Tourist discourse

-TV Commercials and their impact on tourism

-Cultural Values and their impact on tourism

-Hospitality as a national asset

- Food as an essential factor for the development of tourism

-Beverage

-Infrastructure in the service of tourism

СООПШТЕНИЕ - Предавања по предметот Стопанска математика кај Проф. Д-р Васко Речкоски

23/02/2017 - 10:50

Предавањата по предметот Стопанска математика кај Проф. Д-р Васко Речкоски ќе се одржуваат понеделник во 11 часот.

Соопштение за студентите кои го слушаат предметот Пензиско и социјално осигурување кај Проф. д-р. Јове Кекеновски

22/02/2017 - 14:18

Студентите кои го слушаат предметот Пензиско и социјално осигурување кај 

Проф. д-р. Јове Кекеновски ќе имаат часови во среда 1 март 

со почеток од 15.00 часот во предавална  број 1

 

 

Со почит,

Проф. д-р. Јове Кекеновски

СООПШТЕНИЕ - консултации за “КУЛТУРА И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ”

21/02/2017 - 13:41

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ОД IV СТУДИСКА ГОДИНА НА НАСОКАТА “МЕНАЏМЕНТ ВО УСЛУЖЕН СЕКТОР – МОДУЛ МЕНАЏМЕНТ ВО КУЛТУРАТА КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТ КУЛТУРА И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ, ДА СЕ ЈАВАТ НА КОНСУЛТАЦИИ ЗА ПРЕДМЕТОТ ВО ЧЕТВРТОК НА 23.02.2017 ГОДИНА ВО 12 ЧАСОТ КАЈ ПРЕДМЕТНИТЕ ПРОФЕСОРИ: ПРОФ. Д-Р ТАТЈАНА ДИМОСКА И ПРОФ. Д-Р ЗОРАН ТУНТЕВ.

 

СООПШТЕНИЕ - ПРЕДАВАЊА ПО ПРЕДМЕТОТ “ХОТЕЛИЕРСТВО”

21/02/2017 - 13:40

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ОД I СТУДИСКА ГОДИНА ДЕКА ПРЕДАВАЊАТА ПО ПРЕДМЕТОТ ХОТЕЛИЕРСТВО ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ ВО ЧЕТВРТОК ОД 1015 ЧАСОТ ВО АМФИТЕАТАР.         

                                                               

ПРЕДМЕТЕН ПРОФЕСОР

ПРОФ. Д-Р ЗОРАН ТУНТЕВ

 

Партнери