Доделување на дипломи на ФТУ

Денес на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со почеток во 12 часот се одржа промоција на 108 нови дипломирани студенти од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид и двајца магистри. На промоцијата пред се обрати деканот на факултетот. Во текот на доделувањето на дипломи посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector that will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic and the different thematic areas of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding; and financial services.

Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Огласна табла

Списоци за распоред за пракса туризам II година

11/04/2017 - 13:55

Почитувани студенти,

 

Како и секоја година и оваа ќе бидете упатени на практична работа во некои од угостителските и туристичките капацитети.

Ве молиме во најбрз можен рок да го разгледате списокот.

Доколку имате забелешки можете до 13.04.2017 четврток да ги изнесете истите кај М-р Климент Наумов 

 

Со почит
М-р. Климент Наумов

file: 

Списоци за распоред за пракса туризам I

11/04/2017 - 13:54

Почитувани студенти,

 

Како и секоја година и оваа ќе бидете упатени на практична работа во некои од угостителските и туристичките капацитети.

Ве молиме во најбрз можен рок да го разгледате списокот.

Доколку имате забелешки можете до 13.04.2017 четврток да ги изнесете истите кај М-р Климент Наумов 

 

Со почит
М-р. Климент Наумов

ИЗВЕСТУВАЊЕ за предавање М-р Бојан Србиноски

10/04/2017 - 11:15

Се известуваат студентите (I, II, III и IV година на студирање) на насоката ОСИГУРУВАЊЕ  дека во Среда (12.04.2017) од 14:00 часот во Амфитеатар ќе се одржи предавање на тема: “Теорија на очекувана корисност и можни импликации во осигурувањето”

Предавањето ќе го одржи м-р Бојан Србиноски докторант на University Carlo Cattaneo – LIUC во Италија.

          

Со почит, 

Деканатска управа 

СООПШТЕНИЕ - Испити - Проф. Д-р Јован Стојаноски

05/04/2017 - 09:41

Се известуваат студентите кои полагаат испити кај Проф. Д-р Јован Стојаноски во априлска испитна сесија дека испитите се презакажуваат на 25.04.2017 година во 12 часот.

СООПШТЕНИЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПРЕДАВАЊА ХРАНА И КУЛТУРА - ОХРИД

04/04/2017 - 10:51

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТ ХРАНА И КУЛТУРА ДЕКА ПРЕДАВАЊАТА ЗАКАЖАНИ ЗА ДЕН 05.04.2017 - СРЕДАНЕМА ДА СЕ ОДРЖАТ И СЕ ОДЛОЖУВААТ ЗА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА (12.04.2017) ВО 09:30 ЧАСОТ.

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски

ИЗВЕСТУВАЊЕ за предавања по предметите Еколошки криминал и Безбедносни стратегии кај проф д-р Марина Малиш Саздовска

03/04/2017 - 15:42

Се известуваат студентите на втор циклус на студии на на насока БФК дека предавања по предметите  Еколошки криминал и Безбедносни стратегии кај проф д-р Марина Малиш Саздовска ќе се одржат на 04.04.2017 година (вторник) во 11 часот.

Пс . Наслови го втор циклус БФК предавања

Соопштение - Проф.д-р Пере Аслимоски - Безбедност во туризмот 1 колоквиум

31/03/2017 - 15:36

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2016/2017  слушаат БЕЗБЕДНОСТ ВО ТУРИЗМОТ  кај ПРОФ.Д-Р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ дека (I) колоквиум ќе се одржи во следните термини:

  • 07.04.2017(Петок) во 10:00 часот
  • 21.04.2017 (Петок) во 10:00 часот

студентите по сопствен избор можат да се определат за ЕДЕН од термините.

 

ПРЕЗАКАЖУВАЊЕ НА ПРВИОТ КОЛОКВИУМ ПО ХРАНА И КУЛТУРА - ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ - ОХРИД

29/03/2017 - 15:34

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТ ХРАНА И КУЛТУРА ДЕКА ПРВИОТ КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ Е ЗАКАЖАН ЗА ДЕН –03.04.2017 - ПОНЕДЕЛНИК ВО 10:00 ЧАСОТНАМЕСТО ВО 11:00 ЧАСОТ.

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски

Партнери