Комеморативна седница по повод ненадејната смрт на Проф. Д-р Јован Стојаноски

По повод ненадејната смрт на Проф. Д-р Јован Стојаноски, Градоначалник на Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид организира Комеморативна седница во понеделник, 17.12.2018 со почеток во 09:00 часот. На седницата збор ќе земат Деканот на факултетот, Проф. Д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. Д-р Сашо Коруновски и Проф. Д-р Климе Попоски, Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија во осигурувањето на Република Македонија. 

 

 

На 6.12.2018 во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, се одржа форум на тема: Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка

Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Награди добиени на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018

Во периодот 9-11 октомври 2018 година, на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018 учествуваа студенти од Факултетот за туризам и угостителство како натпреварувачи и како учесници на мастер класови од познати готвачи. Нашите студенти освоија две медалји и пехар. На ГАСТРОМАК 2018 учествуваа:

 

Проф. д-р Васо Цуцулески и студентите:

 

Ивица Андрески

Даниел Здравески

Катерина Наковска

Рубин Цветаноски

Александар Фармакоски

Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Посета - Универзитет Ополев Полска

На 08.05.2018 во посета на ФТУ беше делегација од Ун. во Ополе Полска. Беше остварена размена на искуства. Г-ѓа Халина Паалмер-Пистарк како Еразмус коордунатор размена искуства и можности со Проф. Д-р Ирина Петровска, Еразмус коордунатор за ФТУ  

Продеканот на ФТУ учествуваше на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија

Продеканот на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со двајца претставници од студентите учествува на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија. Продеканот одржа и предавање на тема Светска Царинска Организација пред студентите на академијата. 

Огласна табла

Отворен повик за Летна Школа - "Биди Банкар" #2

30/04/2018 - 16:42

Отворен повик за Летна Школа - "Биди Банкар" #2

Почитувани студенти,

од 27/04/2018 започна промотивната кампања на ОБСГ за Летната школа – “Биди Банкар“ која по втор пат ќе се организира во Охрид.

Повикот за аплицирање на сите кандидидати кои ги исполнуваат условите е отворен заклучно со 27 Мај 2018 година.

Право на аплицирање имаат сите заинтересирани студенти кои се во завршна година на додипломски студии или студенти на постдипломски студии.

Резултати од испитот по предметот Актуарство одржан на 24.04.2018

30/04/2018 - 09:03

Во прилог на ова из вестување се објавени резултатите од писмениот испит по предметот Актуарство, одржан на 24.04.2018.

Резултати од испитот по предметот Информациски технологии - Априлски испитен рок 2018

30/04/2018 - 09:00

Во прилог се резултатите од испитот по предметот Информациски технологии одржан на 23.04.2018 година.

Соопштение часови Промотивни активности

27/04/2018 - 14:13

Се известуваат студентите дека часовите по предметот Промотивни активности во туризмот место на ден 30.04 ќе се одржат на ден 07.05 (понеделник) со почеток во 08.15 часот.

Проф. д-р Лидија Симонческа

Студенска мобилност – CEEPUS мрежа

26/04/2018 - 11:51

Студенска мобилност – CEEPUS мрежа

Во летниот семестар 2017/2018 година, две студентки од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид од насоката Царина и шпедиција преку програмата CEEPUS Mobility со која ФТУ - Охрид има склучено договор за соработка остварија мобилност во траење од еден месец на два странски универзитети.

ИЗВЕСТУВЊЕ – АНГЛИСКИ ЈАЗИК

25/04/2018 - 11:41

Презентации, потписи, внесување оценки - 30.04.2018 во 10.00

Проф., Д-р Ирина Петровска

Партнери