Комеморативна седница по повод ненадејната смрт на Проф. Д-р Јован Стојаноски

По повод ненадејната смрт на Проф. Д-р Јован Стојаноски, Градоначалник на Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид организира Комеморативна седница во понеделник, 17.12.2018 со почеток во 09:00 часот. На седницата збор ќе земат Деканот на факултетот, Проф. Д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. Д-р Сашо Коруновски и Проф. Д-р Климе Попоски, Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија во осигурувањето на Република Македонија. 

 

 

На 6.12.2018 во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, се одржа форум на тема: Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка

Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Награди добиени на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018

Во периодот 9-11 октомври 2018 година, на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018 учествуваа студенти од Факултетот за туризам и угостителство како натпреварувачи и како учесници на мастер класови од познати готвачи. Нашите студенти освоија две медалји и пехар. На ГАСТРОМАК 2018 учествуваа:

 

Проф. д-р Васо Цуцулески и студентите:

 

Ивица Андрески

Даниел Здравески

Катерина Наковска

Рубин Цветаноски

Александар Фармакоски

Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Посета - Универзитет Ополев Полска

На 08.05.2018 во посета на ФТУ беше делегација од Ун. во Ополе Полска. Беше остварена размена на искуства. Г-ѓа Халина Паалмер-Пистарк како Еразмус коордунатор размена искуства и можности со Проф. Д-р Ирина Петровска, Еразмус коордунатор за ФТУ  

Продеканот на ФТУ учествуваше на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија

Продеканот на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со двајца претставници од студентите учествува на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија. Продеканот одржа и предавање на тема Светска Царинска Организација пред студентите на академијата. 

Огласна табла

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕДАВАЊЕ И КОНСУЛТАЦИИ ПРЕД ВТОРИОТ КОЛОВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ ХРАНА И КУЛТУРА - ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ - ОХРИД

17/05/2018 - 13:41

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТХРАНА И КУЛТУРА КАЈ ПРОФ. САШО КОРУНОВСКИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2017/18 ГОДИНА ДЕКА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПРЕДАВАЊЕ СО КОНСУЛТАЦИИ ПРЕД ВТОРИОТ КОЛОКВИУМ НА ДЕН 22.05.2018 – ВТОРНИК ВО 12:30 ЧАСОТ

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски

Термини за полагање втори колоквиуми кај Проф.д-р Лилјана Баткоска

11/05/2018 - 11:34

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВОЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2017/2018СЛУШААТ предмети КАЈПРОФ. Д-Р ЛИЛЈАНА БАТКОСКАдекавторите колоквиуми ќе се одржат во следните термини:

 

  • ПСИХОЛОГИЈА ВО ТУРИЗМОТ, ПСИХОЛОГИЈА ВО УГОСТИТЕЛСТВО И БИЗНИС ПСИХОЛОГИЈА ВО СРЕДА(16.05.2018) ВО 10:00 ЧАСОТ, Амфитеатар.
  • КРИМИНАЛИСТИЧКА ПСИХОЛОГИЈА ВО ЧЕТВРТОК (17.05.2018) ВО 10:00 ЧАСОТ, Предавална (1).

 

Термин за полагање втор колоквиум - Безбедност во туризмот

11/05/2018 - 11:33

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВОЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2017/2018СЛУШААТ БЕЗБДЕНОСТ ВО ТУРИЗМОТ  КАЈ ПРОФ. Д-Р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ  дека вториот колоквиум ќе се одржи во Петок(25.05.2018 година) во 11:00 часот.

 

Предметен професор:                                                                                           

Проф.д- р Пере Аслимоски

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРАКСА – МЕНАЏМЕНТ ВО УСЛУЖЕН СЕКТОР

11/05/2018 - 11:31

Се известуваат студентите од насоката МЕНАЏМЕНТ ВО УСЛУЖЕН СЕКТОР дека на 12.05.2018 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот ќе се спроведи распоредување за обавување на практична работа.

Присуството е задолжително за сите студенти од насоката МЕНАЏМЕНТ ВО УСЛУЖЕН СЕКТОР кои имаат запишано парен семестар.

Партнери