Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Успешен настап на студентот, Томе Барбутов на Светскиот форум за туризам во Луцерн, Швајцарија

На петтиот Светски форум за туризам (WTFL 2017) под покровителство на Светската туристичка организација што се одржа од 2-5 мај 2017 година во Луцерн, Швајцарија, Томе Барбутов кој е студент на 3 година Туризам при Факултетот за туризам и угостителство, Охрид, успешно го одбрани својот истражувачки труд Promotion of safety and security for sustainable tourism development in Republic of Macedonia, со што влезе во деветте финалисти на Млади таленти на Форумот, со најдобри научноистражувачки трудови за 2017 година.

Огласна табла

СООПШТЕНИЕ - Испити кај проф д-р Данијела Милошоска

23/05/2017 - 13:28

Сите испити кај проф д-р Данијела Милошоска ќе се одржат на 09.06.2017 година во 10 часот.

Втор колоквим - Проф.д-р Пере Аслимоски

23/05/2017 - 13:28

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2016/2017  слушаат БЕЗБЕДНОСТ ВО ТУРИЗМОТ кај ПРОФ.Д-Р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ дека  ВТОРИОТ колоквиум ќе се одржи на 26.05.2017 (Петок) во 10:00 часот.

Доделување на дипломи - Известување

22/05/2017 - 10:44

Свеченото доделување на дипоми ќе се одржи на 23.05.2017 година (вторник) во 12 часот во амфитеатар.

Соопштение за изведување на практична работа во претпријатија од туризмот и угостителството

19/05/2017 - 12:36

Соопштение до студентите од студиските програми:

Туризам и Хотелско-ресторанска I, II и III година

 

Почитувани колеги студенти,

Секоја година во вашиот студиски курикулум е предвидена задолжителната практична работа.  

Секој студент без исклучок треба да помине 30 дена пракса и притоа да биде ангажиран на соодветно работно место во туристичките и угостителските претпријатија.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ ВТОР КОЛОКВИУМ - ХРАНА И КУЛТУРА - ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2017 - ОХРИД

19/05/2017 - 12:35

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТ ХРАНА И КУЛТУРАДЕКА ВТОРИОТ КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ СЕ ЗАКАЖУВА ЗА ДЕН 23.05. - ВТОРНИК ВО 13:00 ЧАСОТ.

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски

Линк - материјали за колоквиум - Проф.д-р Мирјана Секуловска

17/05/2017 - 13:28

Материјалите за колоквиум за сите студенти кои полагаат на 22.05.2017 година кај Проф.д-р Мирјана Секуловска се наоѓаат на следниот линк:

 

http://archive.ftu.uklo.edu.mk/Mirjana.html

Партнери