Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Успешен настап на студентот, Томе Барбутов на Светскиот форум за туризам во Луцерн, Швајцарија

На петтиот Светски форум за туризам (WTFL 2017) под покровителство на Светската туристичка организација што се одржа од 2-5 мај 2017 година во Луцерн, Швајцарија, Томе Барбутов кој е студент на 3 година Туризам при Факултетот за туризам и угостителство, Охрид, успешно го одбрани својот истражувачки труд Promotion of safety and security for sustainable tourism development in Republic of Macedonia, со што влезе во деветте финалисти на Млади таленти на Форумот, со најдобри научноистражувачки трудови за 2017 година.

Огласна табла

Известување за внесување оцени - Проф.д-р Пере Аслимоски

01/06/2017 - 16:16

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2016/2017  слушале предмети кај ПРОФ.Д-Р ПЕРЕ АСЛИМОСКИ и кои преку колоквиуми положиле, внесувањето на оцени ќе се одржи во следните термини:

  • Безбедност во туризмот - Среда (07.06.2017) , 11:00 – 12:00 часот
  • Социјална патологија и Социологија на исхрана - Среда (07.06.2017) , 12:00 – 13:00 часот.

 

Предметен професор:                                                               

СООПШТЕНИЕ ЗА ИСПИТИ НА НАСОКАТА БФК

01/06/2017 - 13:18

Испитите за студентите на насока БФК ќе се одржат
- Испитите од проф д-р Злате Димовски 12.06.2017 година во 11 часот
- Испитите од д-р Пеце Николовски 09.06.2017 година во 9 часот
- Испитите од проф д-р Светлана Николовска 23.06.2017 година во 11 часот
- Испитите од проф д-р Марјан Николовски 23.06.2017 година во 14 часот
- Испитите од проф д-р Искра Меалетиќ 23.06.2017 година во 14 часот

ИЗВЕСТУВАЊЕ - Испити кај проф д-р Ивица Смиљковски

01/06/2017 - 13:17

Испитите кај проф д-р Ивица Смиљковски ќе се одржат на 05.06.2017 година (понеделник) во 12 часот.

Известување за  студентите на II циклус - Проф.д-р Мирјана Секуловска

31/05/2017 - 13:31

Се известуваат студентите на на II циклус кои во Јунска сесија 2017 го полагаат предметот Е - бизнис дека испитот ќе се одржи во Вторник (20.06.2017) во 11:00 часот.

 

Проф.д-р Мирјана Секуловска

Партнери