Посета на на Руската Царинска академија

Во периодот 27.10.2017 до 01.11.2017 Деканот на Факултетот за туризам и угостителство и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, беа во посета на Руската Царинска академија. При посетата остварена е средба со Проректорот за меѓународна соработка, Проф. д-р Андреј Клоченко, Деканот на студиската програма Царина Проф. д-р Игор Сергеев, како и Ректорот на академијата Проф. д-р Владимир Мантусов. Ректорот Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Руската царунска академија Проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите.

Информација за учество на Форум 16+ 1

Oд 14 до 16 септември во Подгорица, се одржа Форум 16+1 за соработка помеѓу Народна Република Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола е активен учесник на овој форум. Во рамки на Форумот се потпиша договор за креирање на 16+1 Унија на Колеџи од областа на туризмот во која учествува и Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. Оваа иницијатива е поддржана од страна на Владата на Народна Република Кина. 

Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Успешен настап на студентот, Томе Барбутов на Светскиот форум за туризам во Луцерн, Швајцарија

На петтиот Светски форум за туризам (WTFL 2017) под покровителство на Светската туристичка организација што се одржа од 2-5 мај 2017 година во Луцерн, Швајцарија, Томе Барбутов кој е студент на 3 година Туризам при Факултетот за туризам и угостителство, Охрид, успешно го одбрани својот истражувачки труд Promotion of safety and security for sustainable tourism development in Republic of Macedonia, со што влезе во деветте финалисти на Млади таленти на Форумот, со најдобри научноистражувачки трудови за 2017 година.

Огласна табла

Соопштение за Втор циклус - БФК

16/06/2017 - 12:13

Испитите Еколопка криминалистика и Безнедносни стратегии на втор цикус на студии се одложуваат од 19.06.2017 година. Терминот ќе биде дополнително определен.

ОДЛОЖУВАЊЕ на испити Проф. Д-р. Васко Речкоски

14/06/2017 - 13:58

Испитите по предметите Анализа на ризик, Статистички методи и Стопанска математика ке се одржат на 17.06.2017 (сабота) во 10:00 часот.

Известување за измена на часот на полагање кај Проф.д-р Мирјана Секуловска

13/06/2017 - 15:16

Се известуваат студентите на и II циклус кои на 20.06.2017 (Вторник) полагаат Испити кај Проф.д-р Мирјана Секуловска за ИЗМЕНА НА ЧАСОТ НА ПОЛАГАЊЕ, ПОЛАГАЊЕТО ЌЕ СЕ ОДРЖИ:

  1. и II циклус на студии  - 20.06.2017 (Вторник) ВО 14:00 ЧАСОТ

 

Предметен професор:

Проф.д-р Мирјана Секуловска

Резултати од писмениот испит по предметот Актуарство одржан на 12.06.2017

13/06/2017 - 10:19

На следниот линк ќе ги најдете резултатите од писмениот испит по предметот Актуарство. Можен увид во писмените на 15.06.2017 од 10:00 до 10:30.

Од предметниот наставник.

Крајни резултати од колоквиумите по предметот Актуарство - 2017

13/06/2017 - 10:03

Во продолжение може да ги видите резултатите од колоквиумите по предметот Актуарство - летен семестар 2017.

Резултати од испитот по предметот Информациски технологии - Јунски испитен рок 2017

13/06/2017 - 09:34

На линкот во продолжение се дадени Резултатите од испитот по предметот Информациски технологии одржан на 12.06.2017.

Покана за Обука за развој и подобрување на претприемништвото во Југозападниот регион

09/06/2017 - 14:41

Почитувани,

Во рамките на проектот за Подобрување на претприемништвото во прекуграничната област Лерин-Охрид-Солун, преку воспоставување на нови претпријатија и подобрување на постоечките, планирано е да се спроведе обука за развој на претприемништвото со цел постигнување на економски развој, самовработување и отварање на нови бизниси. За таа цел, Ве покануваме да се пријавите на десетдневната обука, во прилог Ви го испраќаме линкот на кој може да го пријавите Вашето учество како и официјалната покана.

 

Партнери