Соработка помеѓу Универзитетот Приморска и ФТУ

На 12.03.2019 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беа претставници од Универзитетот Приморска со седиште во Копер – Република Словенија, како и Проректорот од Универзитетот Гоце Делчев - Проф. д-р Кирил Барбареев. Делегацијата беше предводена од Ректорот Проф. д-р Драган Марушич. На состанокот беа разгледани можностите за склучување на договор за соработка, договор за Еразмус плус програмата за мобилност, како и можностите за заеднички настан на заеднички проекти.

Во посета на ФТУ – Охрид беа претставници на Бар Илан универзитетот од Тел Авив

На 07.03.2019 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беа претставници на Бар Илан универзитетот од Тел Авив – Израел. На состанокот присуствуваше и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола при што се договори потпишување на билатерален договор за соработка помеѓу двата универзитети. Се разгледаа факултетите и студиските програми за кои може да се соработува. До крајот на академската 2018/2019 година претставници од УКЛО ќе го посетат Универзитетот Бан Илан.

ПРЕДАВАЊЕ ОД ПРОФ. ДР. ИРИТ АМИТ ОД БАР ИЛАН УНИВЕРЗИТЕТОТ НА 07 МАРТ 2019

Во рамките на Еразмус+ соработката на Универзитетот Св. Климент Охридски и Универзитетот Бар Илан од Тел Авив, Израел на 07 март 2019 (четврток) во 11:00 часот  проф др. Ирит Амит ќе одржи предавање од областа на планирање на туристичкиот развој на културното наследство во руралните средини во Израел за студентите и професорите. 

 

Предавањето ќе биде во предавална 5.  

Деканска Управа

На 6.12.2018 во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, се одржа форум на тема: Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка

Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Награди добиени на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018

Во периодот 9-11 октомври 2018 година, на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018 учествуваа студенти од Факултетот за туризам и угостителство како натпреварувачи и како учесници на мастер класови од познати готвачи. Нашите студенти освоија две медалји и пехар. На ГАСТРОМАК 2018 учествуваа:

 

Проф. д-р Васо Цуцулески и студентите:

 

Ивица Андрески

Даниел Здравески

Катерина Наковска

Рубин Цветаноски

Александар Фармакоски

Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Огласна табла

СООПШТЕНИЕ

13/12/2018 - 14:45

СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ЧЛЕН 158, СТАВ 5,  Документите за претходното образование по завршената уписна постапка му се враќаат на студентот.

СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ НА ФТУ- ОХРИД ВО ПРВА ГОДИНА ВО АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОДИНА ДА СЕ ОБРАТАТ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА ОД 14.01.2019 ГОДИНА ДО 18.01.2019 ГОДИНА ОД 12 ДО 14 ЧАСОТ СО ЦЕЛ ДА ГИ ПОДИГНАТ ДОКУМЕНТИТЕ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ.

На 6.12.2018 во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, се одржа форум на тема: Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка

07/12/2018 - 10:56

Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Соопштение за предавања по предметот Енологија

07/12/2018 - 08:55

Се известуваат студентите кои го имаат избрано предметот “ЕНОЛОГИЈА” кај проф. Д-р Ангела Василеска дека на ден 12.12.2018 година (среда) во 1330 часот ќе се одржат предавања.

Се молат сите студенти ЗАДОЛЖИТЕЛНО да присуствуваат.

 

ПРЕДМЕТЕН НАСТАВНИК

ПРОФ. Д-Р АНГЕЛА ВАСИЛЕСКА

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

05/12/2018 - 15:59

Почитувани професори и студенти,

 

Факултетот за туризам и угостителство - Охрид во координација со Црвен крст - Охрид во Среда (12.12.2018), 10:00 - 14:00 часот, организираат крводарителска акција. 

Акцијата ќе се одржи во просториите на ФТУ - Охрид, во Предавална бр.(1).

ДА ИЗДВОИМЕ 5 МИН ЗА ДАРУВАЊЕ КРВ И ДА СПАСИМЕ НЕЧИЈ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ!

Партнери