Посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид од амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар

На 21.06.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар со претставници на Делагацијата на ЕУ во Македонија, како и делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. 

Посета на претставници од Руската академија за Царина

На 29.05.2017 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беа професори од Руската Царинска академија. Остварија средба со Деканот на Факултетот, Проф. д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола и со раководителот на студиската програма Царина и шпедиција Проф. д-р Вера Караџова. На состанокот беа разгледани можностите за идна соработка и беше разгледан текстот на договорот за соработка што ќе биде потпишан дополнително.

Успешен настап на студентот, Томе Барбутов на Светскиот форум за туризам во Луцерн, Швајцарија

На петтиот Светски форум за туризам (WTFL 2017) под покровителство на Светската туристичка организација што се одржа од 2-5 мај 2017 година во Луцерн, Швајцарија, Томе Барбутов кој е студент на 3 година Туризам при Факултетот за туризам и угостителство, Охрид, успешно го одбрани својот истражувачки труд Promotion of safety and security for sustainable tourism development in Republic of Macedonia, со што влезе во деветте финалисти на Млади таленти на Форумот, со најдобри научноистражувачки трудови за 2017 година.

Крводарителска акција во ФТУ, 09.05.2017

Давајќи малку, помагате многу.

Вашата помош оди во вистински раце.

Многумина благодарни.

Erasmus+ Uni Valona

Во рамките на Erasmus + програмата за високо образование, во периодот од 20.02.2017 год до  24.02.2017 год. На ФТУ престојуваа и одржаа предавања проф. Д-р Армела Панајоти  и Проф. Д-р Дорјана Клоси  од Универзитетот  во Валона, Република Албанија. Предавањата  ги опфатија  следните теми:

-Tourist discourse

-TV Commercials and their impact on tourism

-Cultural Values and their impact on tourism

-Hospitality as a national asset

- Food as an essential factor for the development of tourism

-Beverage

-Infrastructure in the service of tourism

Огласна табла

Резултати од писмениот испит по предметот Актуарство одржан на 12.06.2017

13/06/2017 - 10:19

На следниот линк ќе ги најдете резултатите од писмениот испит по предметот Актуарство. Можен увид во писмените на 15.06.2017 од 10:00 до 10:30.

Од предметниот наставник.

Крајни резултати од колоквиумите по предметот Актуарство - 2017

13/06/2017 - 10:03

Во продолжение може да ги видите резултатите од колоквиумите по предметот Актуарство - летен семестар 2017.

Резултати од испитот по предметот Информациски технологии - Јунски испитен рок 2017

13/06/2017 - 09:34

На линкот во продолжение се дадени Резултатите од испитот по предметот Информациски технологии одржан на 12.06.2017.

Покана за Обука за развој и подобрување на претприемништвото во Југозападниот регион

09/06/2017 - 14:41

Почитувани,

Во рамките на проектот за Подобрување на претприемништвото во прекуграничната област Лерин-Охрид-Солун, преку воспоставување на нови претпријатија и подобрување на постоечките, планирано е да се спроведе обука за развој на претприемништвото со цел постигнување на економски развој, самовработување и отварање на нови бизниси. За таа цел, Ве покануваме да се пријавите на десетдневната обука, во прилог Ви го испраќаме линкот на кој може да го пријавите Вашето учество како и официјалната покана.

 

Одложување на испити кај проф. Д-р Деса Косаркоска

08/06/2017 - 09:30

Сите испити кај проф. Д-р Деса Косаркоска закажани на ден 16.06.2017 год. се одложуваат за на ден 20.06.2017 год. (вторник) во 10 часот.

Партнери