Програма за стипендии на Германското стопанство за 2017 година

Германската стопанска комора во Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2017 година во својство на локален партнер на Одборот на германското стопанство за источните земји, кој е раководител на програмата во Германија. Целта на оваа програма е да обезбеди специјализација за квалификувани кандидати од Македонија во најуспешните германски компании, во пероид од 3 до 6 месеци. Оваа програма е подржана од Сојузната Влада на Република Германија и трошоците се покриени од Германската влада. 

Во прилог, на англиски јазик се додадени основните податоци кои треба да бидат задоволени од потенцијалните кандидати, рокот на пријавување е заклучно до 11. ноември 2016 година на следната интернет страница: 

www.stipendienprogramm.org