Презентација на стипендии за пост-дипломски студии и истражувања во САД 

Почитувани студенти и професори,  
 
На 13ти април 2016 г., среда , со почеток во 11:00 ч. во просториите на Факултетот за туризам и угостителство ќе се одржи презентација на образовни програми спонзорирани од Амбасадата на САД во Скопје. Презентацијата е наменета за професори и студенти кои би сакале да се информираат околу можноста за стипендирање на мастер студии и пре- и пост– докторски истражувања во САД, во рамките на програмата Fulbright, како и за други програми за кои е во тек отворен повик. Презентацијата ќе ја одржи г. Газменд Илази од Американската амбасада, кој ќе понуди конкретни информации и совети околу процесот на пријавување, и ќе одговара на прашања поврзани со темата.