KROMBERG & Schubert бара практиканти

KROMBERG & Schubert е глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија, која ја сочинуваат четири деловни единици: Кабли, On-board мрежи, Пластична технологија и Мехатроника. Своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили (VW, BMW, AUDI, Mercedes, Škoda...) и вработува преку 23.000 луѓе ширум светот на повеќе од 25 различни локации.

Во соработка со Универзитет “Св. Климент Охридски” - Битола бараме Практиканти

Во Македонија, во Битлскиот регион, KROMBERG & Schubert изгради фабрика и ќе вработи преку 2.500 работници. Нашата компанија бара кандидат кој ќе стане дел од нашиот тим за следната позиција:
Практикант
Ќе биде одговорен за извршување на практикантска работа во соодветен оддел во согласност со студиите. Дневните активности и одговорности ќе вклучуваат:

  • Секојдневно следење и извршување на редовните дневни активности
  • Давање на повратна информација за нивото на завршени задачи
  • Следење на работните правила на КШМК
  • Пополнување на формулар за дневен извештај

Потребни квалификации:

  • Редовен студент во последна/ предпоследна студиска програма на некој од факултетите на Универзитетот “Св.Климент Охридски”
  • Просек на оцени над 8.20
  • Ирзботени два свои трудови
  • Познавање на англиски јазик
  • Тимски играч и желба за професионален развој

Генерални услови

  • Универзитетско образование
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на компјутери (MS Office)
  • Тимски играч и желба за професионален развој

Нудиме

  • План за практична работа
  • Ментор за упатување во задачите
  • Следење на развојот и евалуација
  • Обезбеден превоз, храна и место за работа за време на праксата

За повеќе информаци посетете ја следната веб страница: www.kroschu.com, поле:CAREER

Ако сте заинтересирани за позициијата и вашиот профил одговара на барањата, ве молиме испратете го вашето мотивациско писмо и биографија на англиски јазик на goce.markoski@uklo.edu.mk најдоцна до 15.04.2016