Учество на натпреварот Социјално претприемништво 2016 (Social Impact Award 2016)

На 07.04.2016 година со почеток во 11:00 часот во амфитеатарот на ФТУ Охрид ќе се организира настан – предавање за студентите на ФТУ - Охрид и информирање за потенцијално учество на натпреварот Социјално претприемништво 2016 (Social Impact Award 2016). 

УКЛО ќе биде дел од мрежата на лиценцираниот избор за награда за социјално претприемништво 2016 (Social Impact Award 2016) што ќе им овозможи на нашите студенти да бидат креатори на својата иднина и ќе придонесат во развојот на општеството.

Наградата за социјално претприемништво по втор пат ќе се организира во Македонија. Оваа награда веќе е присутна во 12 земји во Европа со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna. Оваа награда веќе е присутна во 12 земји во Европа со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna. Во Македонија истата ќе биде во организација на Mladi Info, во партнерство со SPARKASSE BANK MAKEDONIJA, Пакомак, JSP Skopje (ЈСП Скопје), Маратон, Конто Профит и Јавна Соба, а поддржано од Економски факултет Скопје, Универзитет Климент Охридски - Битола, Универзитет Гоце Делчев - Штип, International Vision University - Гостивар, Европски Универзитет - Република Македонија, Универзитет Американ Колеџ Скопје, Универзитет за информатички науки и технологии Св. апостол Павле- Охрид, Универзитетот на Југоисточна Европа, СВТ АЛУМНИ Скопје, Клуб Алпбах Македонија, Студентска организација Излез - Скопје, АЕГЕЕ - Скопје, БЕСТ - Скопје, ЕМСА Македонија, ИАЕСТЕ Македонија, ЕСТЕЕК Македонија, Младинскиот совет при Американската Амбасада во РМ, Codefest, Групер и Пиксел.

Вкупниот фонд на наградите во Македонија е обезбеден од SPARKASSE BANK MAKEDONIJA и изнесува 6.000 евра, патување во Виена за најдобрите тимови, менторство и инкубациски период и многу други можности.