Биди креатор на својата иднина, учествувај на изборот за награда за социјално претприемништво 2016

УКЛО ќе биде дел од мрежата на лиценцираниот избор за награда за социјално претприемништво 2016 (Social Impact Award 2016) што ќе им овозможи на нашите студенти да бидат креатори на својата иднина и ќе придонесат во развојот на општеството.

Наградата за социјално претприемништво по втор пат ќе се организира во Македонија. Оваа награда веќе е присутна во 12 земји во Европа со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna. Оваа награда веќе е присутна во 12 земји во Европа со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna. Во Македонија истата ќе биде во организација на Mladi Info, во партнерство со SPARKASSE BANK MAKEDONIJA, Пакомак, JSP Skopje (ЈСП Скопје), Маратон, Конто Профит и Јавна Соба, а поддржано од Економски факултет Скопје, Универзитет Климент Охридски - Битола, Универзитет Гоце Делчев - Штип, International Vision University - Гостивар, Европски Универзитет - Република Македонија, Универзитет Американ Колеџ Скопје, Универзитет за информатички науки и технологии Св. апостол Павле- Охрид, Универзитетот на Југоисточна Европа, СВТ АЛУМНИ Скопје, Клуб Алпбах Македонија, Студентска организација Излез - Скопје, АЕГЕЕ - Скопје, БЕСТ - Скопје, ЕМСА Македонија, ИАЕСТЕ Македонија, ЕСТЕЕК Македонија, Младинскиот совет при Американската Амбасада во РМ, Codefest, Групер и Пиксел.

Вкупниот фонд на наградите во Македонија е обезбеден од SPARKASSE BANK MAKEDONIJA и изнесува 6.000 евра, патување во Виена за најдобрите тимови, менторство и инкубациски период и многу други можности.

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА УЧЕСТВО

Наградата за социјално претприемништво е натпревар за креативни идејни решенија во доменот на социјалното претприемништво меѓу студентите. Нашата мисија е, со наградата  да промовираме знаење и пракса за социјалното претприемништво помеѓу студентите како во Европа така и во Македонија.

Конкурсот за Наградата за социјално претприемништво - Македонија 2016 е отворен во периодот од 16-ти февруари до 27-ми април 2016 година.

Повеќе информации за начинот на аплицирање можете да најдете на следниот линк:

http://socialimpactaward.mk/vodich-za-apliciranje/

Апликациите може да се поднесат преку следниот линк:

http://socialimpactaward.mk/prijava/