Повик за учество на натпревар за најдобар есеј

Повик за учество на натпревар за најдобар есеј

Европско движење во Република Македонија објавува конкурс за учество на натпревар за најдобар есеј на тема Придонесот на младите од Југоисточна Европа за просперитет на регионот. Право на учество имаат млади на возраст до 29 години. Есеите треба да бидат испратени најдоцна до 16 Март 2016 година на e-mail адресата на Европското движење на Република Македонија. Пожелно е, но не и услов, есеите да бидат напишани на англиски јазик.[1] Овој конкурс се надоврзува на повикот на Парламентарното собрание за соработка на Југоисточна Европа. Европското движење во Република Македонија формира стручна комисија која, освен што ќе ги избере трите најдобри есеи, ќе работи со авторите на подобрување на композицијата на есеите (доколку е потребно).  Квалитетот на есејот ќе се утврди според неколку критериуми: логичка козистентност, поголема опфатност при обработка на тема, начин на аргументација, како и лексична обработка на есејот.

Во есејот е потребно да се даде осврт на следните прашања:

  1. Регионална соработка и добро-соседски односи, клуч за економски, политики и социјален развој на ЈИЕ;
  2. Економскиот просперитет на ЈИЕ регион – гаранција за персонален успех и развој на младите;
  3. Бенефитите и можностите за младите од пристапувањето кон ЕУ;
  4. Активно граѓанство и слобода на изразување – избор на младите луѓе од ЈИЕ;
  5. Заедничката историја и традиции во регионот – можност за идно партнерство и развој;

Есеите треба да бидат напишани во ворд документ, со 12 големина на фонтот Tajms New Roman (македонска подршка) и да не надминува 1200 користени зборови. Станува збор за авторски текст што значи дека е потребно да се користат автентични идеи, а секое повикување, реферирање на туѓа идеја или препишување на материјалот, треба соодветно да се забележи како цитат.

Критериумите според кои трудовите ќе бидат евалуирани се следни:

  1. Покажано знаење за политичките процеси соработка во ЈИЕ се бодира од 0-10 поени, максимален број на бодови за овој критериум изнесува 10, а доколку не се забележи дека е задоволен критериумот есејот останува без бодови на ова поле;
  2. Разбирање на политиките на ЕУ и степенот на нивно имплементирање во ЈИЕ 0-10 поени;
  3. Покажана толеранција кон културна различност, историска и различност на традициите на земјите од ЈИЕ 0-10 поени;
  4. Јака и јасна аргументација и активна цивилна позиција 0-10 поени;
  5. Иницирање на креативност и иновативни идеи со регионално значење 0-10 поени;

Победниците на натпреварот ќе бидат поканети да присуствуваат на церемонијалното доделување награди на годишното собрание на Парламентарното собрание за соработка на ЈИЕ во јуни 2016 година (во државата претседавач).

Жирито ќе  прогласи по двајца автори позиционирани на 1во, 2ро и 3то место.

Победниците ќе бидат наградени со патување во Брисел, кое вклучува посета на Европскиот Парламент и средби со членови на Европскиот Парламент, како и претставници на институциите на ЕУ кои се вклучени во креирање на политики за младите.

Учесниците кои ќе бидат рангирани на второто место ќе добијат лап топ, а рангираните на трето место ќе бидат наградени со таблет.

Сите наградени освен наведените награди ќе добијат и златни, сребрени и бронѕени плакети и сертификати од Парламентарното собрание за собработка при ЈИЕ.

 

Со желби за споделен интерес                                                                                        

Европско движење во Република Македонија

Претседател
Проф. д-р Милева Ѓуровска

 

Есеите можат да се испратат на следната емаил адреса:  borce.trajanov@yahoo.com

 

[1] Oргиналниот назив на темата е Young people from the South-Eastern Europe for the prosperity of the Region.