Соопштение за студентите на студиска програма Туризам

Почитувани студенти,

Во рамки на соработката на ФТУ-Охрид со Светскиот Форум за туризам од Луцерн, Швајцарија ве известуваме дека е објавен Повикот за учество на Форумот за млади таленти што ќе се одржи во Мај, 2017 година во Луцерн.  За учество на форумот потребно е да се пријавите кај Проф.др.Иванка Нестороска со која заедно ќе работите во истражување од областа на туризмот и ќе конкурирате за учество на Форумот. Студентите чии  истражувачки трудови ќе бидат прифатени ќе учествуваат на Форумот со Проф.др.Иванка Нестороска, при што сите трошоци за патување, престој и учество ќе се покриени од Форумот. Исто така учесниците ќе имаат можност да бидат интервјуирани за вработување од познати меѓународни институции и бизнис компании од областа на туризмот.

За таа цел заинтересираните студенти од насоката ТУРИЗАМ, на 02.Март, 2016 (среда) пожелно е да присуствуваат на  конференциската сесија во Предавална 5 во 11:00 часот, на која ќе бидат објаснети подетално условите за учество на Форумот.

Информации за овој Форум можете да најдите на следнава веб страна: http://wtflucerne.org , а за победниците на Форумот со нивните истражувачки трудови во Young talents, и Young Talents 2015.

 

Проф.др.Иванка Нестороска
Раководител на студиска програма ТУРИЗАМ