Покана за обука на Фондот за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој Ве поканува Вас и Вашите колеги и студенти на Обука за анализа на ризици, пазарен потенцијал, финансиска проекција и заштита на права од интелектуална сопственост за потенцијалните апликанти за инструментите на поддршка на Фондот.

Пред да биде објавен вториот повик, Фондот го покани г-дин Питер Моѓуроши, кој е и оперативен советник за работењето на Фондот, да одржи обуки на следните теми:

  • анализа на ризици
  • претставување на пазарен потенцијал
  • финансиска проекција
  • заштита на интелектуална сопственост.

Обуката е наменета за претставници на микро, мали и средни претпријатија и установи кои вршат научно-истражувачка или високообразовна дејност, и студенти со иновативни идеи кои би биле заинтересирани за инструментите на Фондот. Обуката ќе биде одржана на англиски јазик.

Обуките ќе се одржат на 10.09.2015 (четврток) во Општинската сала во Охрид, со почеток во 10 часот.