Утврден кандидат за Декан на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид

Наставно научните организациски единици до Наставно научниот совет при ФТУ како единствен кандидат за Декан го доставија името на Професор Д- р Цветко Андреески. Наставно научнкиот совет на факултетот на седницата одржана на 25.06.2015 година го прифати предлогот на кандидат за декан. Предлогот е испратен до Сенатот на Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола од каде и се чека конечната одлука која треба да биде донесена најдоцна до почетокот на новата академска година.