Царина и шпедиција

Првиот циклус на универзитетски студии по Царина и шпедиција според националната рамка на високообразовните квалификации припаѓа на универзитетски студии 240 кредити – VIA, со можност за продолжување на образованието и проширување и продлабочување на претходно стекнатите знаења и вештини со уште два семестри на втор циклус на студии. Во согласност со интердисциплинарниот и мултидисциплинарниот карактер, студиската програма по Царина и шпедиција претставува синергетска интеграција на полињата: организациони науки и управување, правни науки и економски науки. Со завршувањето на четиригодишните студии од првиот циклус на универзитетски студии, дипломираните студенти се стекнуваат со академски назив дипломиран менаџер по царина и шпедиција (во меѓународниот промет и дипломата на англиски јазик академскиот назив по завршувањето на првиот циклус студии е baccalaureus, односно baccalaurea).

Преку изучување на студиската програма по Царина и шпедиција студентите се оспособуваат за обавување на менаџерски активности, односно за управување со работните процеси во субјекти од царинско - шпедитерската дејност, како и субјекти кои остваруваат интеракциски односи од било кој вид со царинско - шпедитерската дејност. На тој начин, студентите кои ги завршуваат универзитетските студии по Царина и шпедиција на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид стекнуваат способности за работење во сите видови на стопански субјекти кои обавуваат активности на меѓународна трговија и меѓународен транспорт, во осигурителни компании, во финансиски институции, во органи на државна управа (царинска служба и сл.), научно-истражувачки и образовни институции од полето на царината и шпедицијата, професионални здруженија и асоцијации и други субјекти од оваа област.

Елаборат целосен: