Извршен избор на нов ректор на УКЛО

На 133 седница на Универзитетскиот сенат,  одржана на 27.05.2015 година, со тајно гласање, проф. д-р Сашо Коруновски е избран за ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.
Проф. д-р Сашо Коруновски најави дејствување што ќе овозможи УКЛО да се постави на респектабилни позиции во рамките на образовниот систем во државата и пошироко, со следење на современите трендови, добро распределување на капацитетите на Универзитетот, во кои силно верува.

Воедно, идниот ректор на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски изрази уверување дека Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола заслужува да биде дел од европското семејство на вискообразовни установи, што е дел од неговата Прoграмска платформа за работа.
Инаку, проф. д-р Сашо Коруновски е актуелен декан на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во два мандати.
Изборот на нов ректор на УКЛО се одвиваше низ соодветна процедура, во согласност со легислативата, Статутот и утврдените акти. Новиот ректор на УКЛО има мандат од четири години и функцијата ќе ја извршува од 1 октомври 2015 г.