Соработка помеѓу Универзитетот Приморска и ФТУ

На 12.03.2019 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беа претставници од Универзитетот Приморска со седиште во Копер – Република Словенија, како и Проректорот од Универзитетот Гоце Делчев - Проф. д-р Кирил Барбареев. Делегацијата беше предводена од Ректорот Проф. д-р Драган Марушич. На состанокот беа разгледани можностите за склучување на договор за соработка, договор за Еразмус плус програмата за мобилност, како и можностите за заеднички настан на заеднички проекти. На Универзитетот Приморска е Факултетот за туризам – Туристика со кого Факултетот за туризам и угостителство – Охрид има долга традиција на соработка.